Реклама
LIFESTYLEВирално

Еве на што ги трошат и како штедат пари жени што заработуваат од 30.000 до 150.000 долари

Реклама

Жени на дваесет и триесет години објаснуваат на што ги трошат парите и како и дали успеваат да заштедат

Парите се феминистички проблем – но жените се уште не зборуваат за тоа. Според една анкета направена на повеќе од 1000 милениумски жени, повеќе од 50 отсто кажале дека никогаш не зборуваат за личните финансии со пријателите, иако 28 отсто изјавиле дека секој ден чувствува притисок за пари.

Маркетинг

Токму затоа Bustle ја лансираше „Grown-Ass Finances“, серија која навистина зборува за тоа што милениумските жени прават со своите пари, и зошто – бидејќи управувањето со вашите пари треба да биде поткрепа, а не застрашување. Без разлика дали ни се допаѓа тоа или не, трошењето пари е дел од нашите животи. На крајот на краиштата сите имаме можност да трошиме и штедиме онака како што сакаме, поинаку од другите. Но и да се соочиме со фактот дека колку повеќе совети за парите и штедењето, толку подобро, нели?

ФОТО: careermoneylife.com

„Создавањето богатство се сведува во создавање на исправни навики“ вели Лу Канатаро, партнер во „Cannataro Park Avenue Financial“, кој зборува за штедењето. „повеќето луѓе знаат дека доколку имаат едно или две пива или кафе помалку во текот на месецот, можат да заштедат за да ги платат долговите, а при тоа се уште да уживаат и да почнат да ја планираат иднината! Но многумина едноставно не се подготвени да направат мали промени во животот… “

Маркетинг

Но, Канатаро верува дека се уште можете да заштедите пари и да вложите во вашата иднина – дури и ако имате само 20 долари на крајот на платата. „Без вистинските насоки, ова генерација има навика на откажување од вистинската заштеда за иднината“, вели тој. „Просечниот одговор на прашањето зошто не вложувате? Најчесто е ‘Немам доволно средства за вложување бидејќи морам да ги платам студентските долгови’“.

Маги Германо, овластена инструкторка за финансиско образование и финансиски тренер за жени се согласува со Канатаро. „Клучот за финансиското здравје е да обратите внимание на вашите пари“ вели таа за „Bustle“. Измерите колку ќе заработите и колку ќе потрошите секој месец. Направете пресметка која се согласува со вашите цели, а потоа следете ја потрошувачката во текот на месецот. Апликациите како Mint или LernnVest можат многу да ви помогнат. Ако имате простор во буџетот за да заштедите (а јас се надевам дека имате!), автоматизирајте ја вашата заштеда така да се случува секој месец“.

Да, полесно е да се каже, отколку да се направи, но…

Во продолжение ќе ви преставиме неколку жени што заработуваат од 30.000 до 150.000 долари годишно објаснуваат како трошат и штедат пари, па бидете подготвени за инспирација.

Саманта, има 30 години и заработува 30.000 долари

Јас сум здравствен тренер и заработувам околу 30.000 долари годишно, и сите пари ги трошам за органски производи, Audible, Netflix, мојот бизнис и заеднички потреби – како што е рент, гас, струја и сл. Всушност во процес сум на пишување книга за сите мои навики и трошоци за да им објаснам на жените дека можам да водам здрав начин на живот на било кое ниво на приходи.

Главната работа што ја правам помага да сето ова функционира со буџетот, и тоа ме одржува во ред, па така можам да заштедам и да трошам без грижа. Исто така поставувам приоритети на моите вредности, како што се здравје, знаење и правење на богатство. Не го трошам она што го немам.

Наместо тоа, имам листа со желби или искуства што ги сакам, па ги чувам ако ја постигнам целта или некој пресврт, се наградувам со нешто од оваа листа со парите од мојата заштеда. Понекогаш кога за тоа ќе дојде време, повеќе не ме интересираат некои работи, така што ги избегнувам несериозните трошоци.

Ненси, има 22 години и заработува 35.000 долари

Јас сум публицист и заработувам околу 35.000 долари, и на среќа немам студентски кредити, така што парите што ги заработувам ги трошам за изнајмување, комунални услуги и некои третмани. Живеам со момчето и ги делиме трошоците. Немам многу заштеди, но кога навистина ќе се дисциплинирам за штедење, директно префрлам пари на мојата штедна сметка. Во овој момент, од секоја плата префрлам по 20 долари на сметка за одмор, а 6 % од целиот приход оди за мојот 401 (к).

Мери, има 27 години и заработува 70.000 долари

Заработувам 70.000 долари годишно како СЕО маркетинг професионален и трошам за хипотека, комунални услуги, автомобил и сл. Штедам така што автоматски 10 % од платата ми оди на штедна книшка. И кога ќе дојдам до одреден износ, јас го вложувам. Но се уште и трошам многу, посебно на домашни миленичиња и облека од LulaROe линијата.

Мариса, има 26 години и заработува 70.000 долари

Јас сум публицист и заработувам околу 70.000 долари годишно, но живеам во Њујорк, под кирија и половина од парите ги трошам за наем. На почетокот од оваа година присилно почнав да ја следам мојата потрошувачка во табела. Апликацијата „Venmo“ го прави ова супер едноставно и можам да ги следам сите мои трансакции, иако е апликација.

Трошам за храна, убавина, фитнес, и сл. Набргу сфатив дек еден оброк надвор е еднаков на пет направени дома, благодарение на „Trader Jo“. Единствена работа што ми е хоби е фитнес – теретана. Се обидувам да сум под контрола, но понекогаш знам да се почестам со по еден пијалак. Исто така секаде одам пешки, ама буквално секаде.

Касандра , има 31 година и заработува 100.000 долари

Работам во маркетинг и годишно заработувам 100.00 долари. Моментално сум во градско училиште и одлучна сум да го завршам без долг, што значи дека голем дел од мојот буџет оди за школување, но се уште можам да заштедам еден дел, најмногу заради создавање на итен фонд.

Исто така имам приоритет да одвојам пари за одмор и со нешто да се почестам. Се обидувам да го држам буџетот заснован на нула, што значи да нема на крајот на месецот нема пари – се е онаму каде што треба.

Моли, има 31 година и заработува 150.000 долари

Јас се занимавам со маркетинг компанија за огласување и заработувам околу 150.000 долари годишно, а со мојот сопруг се вселивме кај родителите да живееме три години за да заштедиме пари за да купиме наш стан, и тоа беше воедно и најдоброто и најлошото нешто што сме го направиле.

Можевме да заштедиме многу повеќе бидејќи плаќањето хипотека е далеку помало отколку што повеќето наши пријатели плаќаат за кирија. Тоа е животна заштеда за неколку години жртвување. И двајцата дипломиравме и од училиште излеговме со големи долгови – 1300 долари месечно за нас двајцата, во следните седум години. Затоа денес ретко излегуваме, што за некој што живее во Њујорк е тешко бидејќи културата на рестораните е толку интензивна. Но правиме вечерни забави така што се уште се чувствуваме ОК. И сите сме победници бидејќи е поздраво, одлично се забавуваме и многу поевтино – дури и кога сте домаќини. 10 % од мојата плата оди за 401 (k), и тешко е но вреди кога ќе ја додадам точката на остварување на моите желби еднаш во годината. Сега имам свој дом, но се уште штедиме.

Одлучивме дека ни требаат 30.000 долари „Oh S-Fond“ во банката пред да почнеме навистина да уживаме и да бидеме малку поопуштени со потрошувачката. Тешко е да се штеди кога секој објавува фотографии на Инстаграм од нивните прекрасни одмори, но ја сакаме сигурноста што ја чувствуваме и тоа го градиме за идните години или така, кога нашиот OSF ќе биде полн, ќе уживаме знаејќи дека нема да се вратиме дома од нашето патување и да чувствуваме финансиско гушење.

Не знаеме за вас, но јас мислам дека добро ќе размислам за тоа да почнам со штедење и начинот на кој го правам тоа.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button