Реклама
Наши ѕвезди

Еве на кое место беше македонската претставничка на Евровизија во клaдилницитe пред да направи cкaндал со македонското знаме!

Реклама

Македонската претставничка моментално се наоѓа во Торино, а еве кое место и предвидуваат клaдилниците.

Младата пејачка Андреја и пред cкaндалот што го направи со македонското знаме се наоѓаше на последното место во клaдилниците на листата за Евровизиски победник. За разлика од неа, на пример претставничката од Србија, Констракта, е на десеттото место, додека убедлив фаворит за победа на овогодишната Евровизија е Украина и музичкиот состав Калуш Оркестра, а Италија, како домаќин на овогодинешниот фестивал, е веднаш зад нив.

Маркетинг
Македонија на последното место! (Фото: Eurovisionworld)
Првите десет места според кладилниците (Фото: Eurovisionworld)

Инаку, по cкaндалозниот потег што го направи нашата претставничка на официјалната церемонија на отворање на Евровизија, кога Андреа го фрли македонското знаме, се огласија и од МРТ:

„Јавниот сервис на ниту еден начин не стои зад ваквото cкaндалозно однесување на нашата евровизиска претставничка, која со тој гест покажа непочитување кон националното обележје, што е казниво со закон“.

Маркетинг
Нашата претставничка на отворањето

Нејзиниот потег наиде на голема осуда од македонската јавност, а сега и јавниот сервис се огради од нејзиното cкaндалозното однесување.

Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Евровизија

МРТ очекува Андреа да се извини на граѓаните заради ваквото однесување, што таа и ги направи. Се разгледува и можноста и да биде повлечена од Евровизија, иако се води сметка да не се нанесе штета на јавниот сервис.

„Против одговорните во македонската делегација ќе бидат преземени сите законски можности за најстрого санкционирање на овој скандал, се наведува во реакцијата на МРТ.

Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Евровизија

Моментот кога го фрли знаменцето!

Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Евровизија
Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Евровизија
Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Евровизија
Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Евровизија

Инаку, на Евровизија оваа година во Торино ќе се натпреваруваат 40 учесници, кои претходно победиле на националните натпревари во своите земји.

Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Евровизија

Првата полуфинална вечер треба да се одржи утре, на 10 мај, во кој од нашите соседни земји ќе бидат Бугарија, Албанија и Хрватска.

Втората полуфинална вечер ќесе одржи на 12 мај, кога ќе настапи и Македонија, а истата вечер ќе настапат и претставниците на Србија и Црна Гора. Покрај овие две земји кои традиционално ни даваат поени, се очекуваше да добиеме гласови и од оние земји каде што е силна македонската дијаспора, но по синоќешниот гаф на неискусната пејачка, ова би можело да биде едно големо фијаско ако не и најголемо од сите досегашни наши претставувања на Евровизија.

Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Евровизија

Финалето на Евровизија е закажано за во сабота, 14 мај.

Првобитно требаше да се натпреваруваат 41 земја, но по војната во Украина, Русија е исфрлена од игра.

Покрај Македонија, истата вечер за влез во финалето ќе се натпреваруваат и Финска, Израел, Азербејџан, Грузија, Малта, Сан Марино, Австралија, Кипар, Ирска, Естонија, Романија, Полска, Црна Гора, Белгија, Шведска и Чешка.

Фото: Инстаграм/ Андреа Коевска

Фото: Инстаграм/ Андреа Коевска

Фото: Инстаграм/ Андреа Коевска

Фото: Инстаграм/ Андреа Коевска

Фото: Инстаграм/ Андреа Коевска

Фото: Инстаграм/ Андреа Коевска

Фото: Инстаграм/ Андреа Коевска

Фото: Инстаграм/ Андреа Коевска

Фото: Инстаграм/ Андреа Коевска

Фото: Инстаграм/ Андреа Коевска

Фото: Инстаграм/ Андреа Коевска

Фото: Инстаграм/ Андреа Коевска

Фото: Инстаграм/ Андреа Коевска

Фото: Инстаграм/ Андреа Коевска

Фото: Инстаграм/ Андреа Коевска

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button