Реклама
Наши ѕвезди

Еве на кого личи Боки 13 – сличноста е неверојатна!

Реклама

По апсењето на Бојан Јовановски (33) попознат како Боки 13 заради нелегално влијание и перење пари, јавноста од целиот регион не престанува да се интересира за секој детаљ од неговиот живот.

Фото: Инстаграм/ Бојан Јовановски

Па така откако медиумите ја пренесоа веста дека на Бојан, наводно, 1.5 милион евра му биле испорачани во чанта од Луј Витон која била платена 3500 евра, од страна на еден наш познат бизнисмен, на социјалните мрежи се водеше „тешка“ дискусија дали во оваа чанта Боки можел да ги собере сите пари. Ние нема да навлегуваме во оваа дискусија, бидејќи таа сама по себе е проблематична гледано од аспект на пресумпција на невиноста, но тоа не значи дека во следниве денови нема да известуваме она што се случува со медиумскиот рекет за кој е обвинет Боки, како и за тоа што пишуваат другите медиуми за сопственикот на 1 ТВ.

Па така деновиве во морето вести поврзани со контроверзниот шоумен исплови и една фотографија која, наводно, пред извесен период ја има споделено самиот Боки, а на која тој неверојатно личи на својата мајка.

Маркетинг

„Мојата мајка, еве на кого личам јас“ – напиша тој своевремено под фотографијата. И ако ја погледнете подобро ќе забележите дека сличност навистина е неверојатна.

Маркетинг

Инаку, Боки во последно време често објавуваше фотографии на кои е со неговата мајка. Тој очигледно е горд на неа која во најтешките моменти била тука за него, па воопшто не се сомневаме дека тоа ќе биде така и сега, кога помошта му е и повеќе од потребна. Бидејќи без разлика дали е виновен или го местат (во нашата земја се е „могуќе“, нели?), едно е факт, а тоа е дека тој сега се наоѓа во проблеми до гуша.

Фото: Инстаграм/ Бојан Јовановски

И токму затоа во моментов сочувствуваме со оваа жена, и посакуваме никој да не се најде во нејзина кожа, но и таа да биде силна во овие тешки моменти…

Како и да е, не треба да заборавиме и дека Боки во последно време несебично помагаше на семејства на кои помош им беше најпотребна (сетете се само на случајот со малата Софија Караманолева кога неговата компанија се откажа од месечните надоместоци и донираше 28.000 евра колку што беа потребни за нејзината операција во странство!), па затоа ќе се обидеме да не ставаме сол на лута рана. Тоа му го должиме, и не само на Боки, туку на секој човек.

Инаку Боки 13 беше познат и по неговата драстична трансформација што му се случи во последно време. Тој во последните неколку години ослабна преку 20 килограми и ги изненади сите, кога по медиумскиот молк повторно се појави во јавност но со потполно поинаков изглед.

Фото: Инстаграм/ Бојан Јовановски

Тој самиот за себе викаше дека е „дебела, нашминкана мечка“ и дека е решен да го промени тоа, што очигледно и го направи, а потоа, откако заврши со паузата и повторно се појави во медиумите им објави војна на старлетите…

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button