Досега во медиумите често се зборуваше за хонорарите на членовите на жирито во талент-шоуто „Ѕвездите на Гранд“.
Но ова најчесто беше на ниво на шпекулации, а за некои судии во овој музички натпревар се зборуваше и дека не земаат пари, туку го користат шоуто за да се промовираат и да настапат пред бројната публика. Од друга страна пак, можевме да прочитаме и дека Саша Поповиќ не ги плаќа доволно своите колеги, што не звучи баш уверливо ако земеме во предвид дека во прашање е една од најгледаните емисии, како и тоа дека Саша и Лепа Брена заработија милиони со ова шоу.
Токму затоа големо внимание привлече и изјавата на Ѓорѓе Давид кој во последната емисија откри кој најмногу заработува.
„Марија Шерифовиќ има најголемо влијание на сите нас бидејќи добива најмногу пари“, изјави рокерот, по што поранешната евровизиска победничка само се насмеа, не сакајќи воопшто да ја коментира неговата изјава. Но затоа пак Карлеуша не можеше да се воздржи.
– Како знаеш кој колку пари добива?! , го праша Карлеуша?
Но Ѓорѓе не сакаше да и одговори на пејачката така што оваа приказна се заврши само со неговиот коментар.