Реклама
Хороскоп

Еве кој светец се слави денес и што би требало да испочитуваме ако сакаме мир и благосостојба

Македонската православна црква и верници утре (среда) на 04.09.2024 година ги слават Светите маченици Агатоник, Зотик и другите со нив.

Реклама

Во 304 година Свети Агатоник бил казнет со отсекување на главата, бидејќи ја проповедал христијанската вера.

Им проповедал на Грците, кои тогаш повеќето биле пагани.

Маркетинг
ФОТО: МПЦ

До денес се прераскажува приказната за тоа дека во христијанска вера вовел цел еден град – денешно Желино.

Свети Агатоник бил никомидиски граѓанин, по вера христијанин. На заповед од царот Максимијан, царскиот намесник жестоко ги гонел христијаните.

Маркетинг

ФОТО: Pixabay

При тоа гонење, во некое место Карпин, тој го фатил свети Зотик, ги распнал на крст неговите ученици, а самиот Зотик го довел во Никомидија, каде што ги фатил и ги врзал уште и Агатоник, Принкипс, Теопрепиј, Акиндин, Северијан, Зенон и многу други.

Сите цврсто врзани ги однел во Византија, но патем од рани и изнемоштеност починале Светите Зотик, Теопрепиј и Акиндин. Во близината на Халкидон убиен бил Северијан, а Агатоник и останатите биле одведени во Тракија, во местото Силиврија, каде после мачења биле убиени со меч и блегле во радоста на својот Господ.

ФОТО: Pixabay

Многу христијани од регионот свети Агатоник го слават како домашна слава.

Според народните верувања се смета дека на овој ден е убаво да се тргува бидејќи тоа носи напредок во домот, па некогаш луѓето купувале големи работи токму на овој ден.

Овој ден е добар за средби и обнова на пријателства за во мир и благосостојба да се влезе во зимата.

ФОТО: Pixabay

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button