Еве кој победи во финалето на „Ѕвездите на Гранд“ – Мики Секуловски втор, Петрушовска трето место
Мики, Андријана и Шејла се борат за победа
По третиот пресек тројца кандидати го напуштија натпреварот, а тројца останаа и ја продолжија борбата.
Од тројцата што останаа, двајца кандидати се од Македонија – Мики Секуловски и Андријана Петрушовска.
Мики е од тимот на Светлана Цеца Ражнатовиќ, а Андријана – од тимот на Александар Милиќ Мили.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Од тимот на Цеца е и Шејла Зониќ која исто така го помина и третиот пресек и која исто така би можела да победи.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Сите тие се возбудени, а возбуден е и Саша Поповиќ кој вели дека вакво гласање досега не се случило во шоуто.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Победува оној што ќе освои најмногу гласови од публиката, а сите се нестрпливи и очекуваат да се прогласи победникот.
Ова е многу напнато финале, изјави тој во еден од претходните кругови не криејќи ја возбудата од сето она што се случува.
Гласањето заврши
Како што соопшти Поповиќ, за кандидатите гласале преку половина милион гледачи од кои победникот добил преку 130.000 гласови.
Третопласираниот во „Ѕвездите на Гранд“ оваа сезона е Андријана Петрушовска која го освои високото трето место.
Цеца е ментор и на двата кандидати што останаа, а Саша Поповиќ за победник ја прогласи Шејла Зониќ.
Мики Секуловски го освои второто место.