Еве кој победи во „Задруга“ и освои 50.000 евра – поранешната на поранешниот победник во шоуто?!
Александра Николиќ победи во „Задруга“, поранешната девојка на Дејан и сегашна свршеница на Филип Цар ја освои големата награда
Победничка во шестата „Задруга“ е Александра Николиќ додека второто место го освои Ана Ќурчиќ.
Алекс која со победата освои 50.000 евра не можеше да ги здржи солзите па се фрли во прегратките на својата мајка Словенка.
На прославата беше и нејзиниот вереник Филип Цар, па падна и првиот бакнеж. Потсетуваме, минатогодишниот победник беше Дејан Драгојевиќ, кој во тој момент беше во емотивна врска со Александра.
Ана Ќурчиќ која го освои второто место не го криеше разочарувањето – цело време гледаше само во една точка.
Инаку Александра и Ана во студиото влегоа заедно држејќи се за рацете. Ниту една не можеше да ги задржи солзите.
Ана веднаш плачејќи падна во прегратките на својот син Лука, додека Алекс се израдува кога ја виде својата мајка.
„На мене тотално ми се промени животот во Задруга. Само што не сум паднала во несвест. Првенствено се победив самата себе. Одвај чекам да ја видам мама“, изјави Александра пред да влезе во студиото.
Инаку, суперфиналето прва го напушти Анита Станојковиќ која го освои 14-то место. Таа по излегувањето беше пречекана од Јована Томиќ Матора и веднаш падна филмски бакнеж пред камерите.
Како што самата изјави, Анита планира по излегување од шоуто да го запознае својот тригодишен син со Матора со која влезе во врска за време на ријалитито и како што изгледа, тие планираат да го продолжат односот и во „вистинскиот“ живот.