Еве кој министер зема најголема плата!

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска во дневникот на Сител зборуваше за деветтиот пакет антикризни мерки кои ги донесе Владата на изминатата владина седница.
„Имавме покачување од 26%, имавме пакет на антикризни мерки. Имаме постојан раст на пензијата. Она што е наша обврска како одговорна Влада е ваквите мерки да бидат од Буџетот на Министерството за труд и социјална политика“ рече Тренчевска.

Министерката ги објасни новите мерки за пензионерите истакнувајќи дека приматели на пензија до 14.000 денари ќе добијат финансиска поддршка од 3.000 денари месечно, за период од 5 месеци, примателите на пензија до 14.001 денари до 16.000 денари ќе добијат финансиска поддршка од 2.000 денари месечно и дека примателите на пензија до 16.001 денари до 19.000 денари ќе добијат финансиска поддршка од 1.500 денари месечно, за период од 5 месеци.
Таа посочи дека кога се покачуваат пензиите не треба да се носат популистички мерки, затоа што најважно е 336.000 пензионери континуирано да земаат пензија. Министерката истакна дека стабилноста на пензискиот фонд не смее да се доведе во прашање.
Во дневникот министерката зборуваше и за покачувањето на платите во јавната администрација и покачувањето на платите на функционерите.

Министерката истакна дека во секоја демократска држава има протести, забраната за протести таа истакна дека беше до 2017 година, и рече дека тоа е демократско право на секој. Но таа посочи дека на нов општ колективен договор и на зголемени плати дури до 80% јавната администрација има постојано зголемени примања и дека нивните барања не се занемарени.
За платите на функционерите, таа истакна дека треба да се сменат седум закони, а постои ризик во Парламентот да не се донесе законот. Како и дека право на пратениците е да предлагаат закони и измени на закони, но никој од нив не излезе со предлог закон.

„Во законите кои треба да ги менуваме законите за судии и јавни обвинители се вели дека не смее да се намали платата на судиите и јавните обвинители со закон или одлука на Влада или државен орган. Наидуваме на пречка. Бараме решение е да не се зголемат платите во 2024 година, и ќе го најдеме до крајот на годината,“рече Тренчевска.
После Димитар Ковачевски, највисока плата зема најнеспособниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски.
Спасовски месечно за својата неспособност зема плата од над 153.000 денари, а власта на СДС и Ковачевски ќе им даваат само по 1000 денари на граѓаните во следните 7 месеци, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Додека на граѓаните им даваат помош од 1000 денари, Спасовски со покачувањето зема над 2500 евра плата, или секој работен ден за 50 евра повеќе. Во мандат на Спасовски се случија пет мафијашки престрелки, низ трговски центри, кафичи, улици, а се уште нема ниту еден приведен.

Во мандат на Спасовски се доделија 215 македонски пасоши на белосветски нарко босови. Во мандат на Спасовски има дојави за бомби во училишта, станбени згради, државни институции, а до ден денешен нема ништо од истрагата.
Во мандат на Спасовски сред бел ден деца и граѓани исчезнуваат. Во мандат на Спасовски командири на полициски станици пукаат на семејни прослави и се фалат на социјалните мрежи, набројуваат од опозицијата.




