Еве кој е човекот што им откри каде се крие Палчо – беше експресно фатен, еве каде се наоѓа сега
Беше разоткриен преку социјалните мрежи
Ова лице беше уапсено на граничниот премин.
Како што соопшти министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски лицето Стефан Д. од Струмица е уапсен на граничниот премин Дојрани.
Тој е осомничен дека го пренел Љупчо Палевски Палчо, осомничен за убиството на малата Вања, до Белград до граничниот премин во Турција.
Фото: Фејсбук
Осомничениот беше уапсен од страна на македонската полиција веднаш откако ја премина границата.
Како што објавија медиумите, на својот профил на социјалните мрежи објавил фотографија од рутата и тоа истиот ден кога се возел со првоосомничениот за убиството на малата Вања.
Фото: Фејсбук
Откако бил уапсен на граничниот премин, тој детално ги открил плановите и локацијата на бегалецот во Турција.
Фото: Фејсбук
Одредена му е мерка притвор.
Потсетуваме, во текот на вчерашниот ден на осомничените Влатко Кешишев, Велибор Манев и Боре Видовски, обвинети за киднапирање и убиство на Вања Ѓорчевска (14) им беше изречен триесетдневен притвор. Оваа мерка му беше изречена и на таткото на починатото девојче кој заедно со нив вчера беа донесени во Кривичниот суд.
Фото: Фејсбук
Уапсен е и креаторот, планерот и директниот извршител на овие злосторства, Љупчо Палевски Палчо., изјави вчера на прес-конференцијата министерот Оливер Спсовски.
Фото: МВР
Тој додаде и дека првоосомничениот е фатен во Турција, а уапсено е и лице од Струмица кое му помогнало на првоосомничениот да замине од Србија во Турција.
Тој со сомничи дека помогнал на лице што извршило тешко кривично дело за кое е пропишана казна од доживотен затвор.
„Тоа беше последната алка на овој грозоморен чин, кој ни недостигаше за да кажеме дека сме направиле се, со што сме ги разоткриле овие монструми. Вчера попладне, на барање на нашето МВР беше распишана итна меѓународна потерница за лицето Љ.П. од Скопје, барано за тешки дела грабнување и убиство, што е таканаречена црвена потерница која во истиот момент стана видлива во целиот свет. Но токму врз основа на наши оперативни сознанија каде се движи бараното лице, не застанавме на тоа, туку продолживме и со билатерална соработка за фаќањето на овој монструм“, изјави Спасовски на прес-конференцијата.