Еве кој е фраерот што вчера го „слyпа“ златното „Порше“? Живее PACИПНИЧКИ живот, се расфрла со пари и НИШТО не работи!
По сообраќајката, фраерот со тетоважи објави фотографија со иронична порака – „Ќе ме скрши татко ми!“
Скапото златно „Порше панамера“ кое вчера беше удрено во Белград, наводно го вози момче по име Никола Кељановиќ, кој на Инстаграм често се фали со своите скапоцени автомобили, но и животот на висока нога.
Тој на Инстаграм ја бележи својата разузданост и расфрлањето со пари, пороците и генерално сите останат негативни вредности, а негови фанови во главно се малолетници кои му завидуваат на неговиот раскошен живот.
На Инстаграм има повеќе од 133.000 фанови иако нема ни една фотографија на која убаво му се гледа лицето.
За себе вели дека е „најсилната обложувачка организација на овие простори“, а кога станува збор за неговиот стил на живот на кој е горд – журки, жени, скапи автомобили и вели дека преставува сон на секој Балканец како го замислува својот живот во иднината.
Еднаш изјави дека не знае што самиот со себе, додека денот му поминува во досада и дека ужива само кога ништо не работи.
„Работата го создаде човекот, а не работата господинот. Јас се држам до тоа. Ова е сонот на секој фраер. Никој не размислува – ќе завршам факултет, ќе бидам образуван. Ма кој го боли уво за тоа? Реално само кеш, кола и сл“, раскажа Кељановиќ пред неколку месеци за „Балкан инфо“.
Никола вели дека својот живот планира да го промени дури откако ќе остари, а сега кога излегува со пријателите, само сака да порача неколку шишиња шампањско, па да ги истури штом ќе му ги донесат на масата.
Извор: Објектив.рс, Телеграф Џет-сет, Гламур