Реклама
Наши ѕвезди

Еве кој е Македонецот што со својата последна песна ги „сруши“ СОЦИЈАЛНИТЕ мрежи – целиот Балкан зборува за него!

Реклама

Голем хит, а настана во ова „лудо“ време

Направија голем хит и тоа во ова лудо време

Маркетинг

Песната „Неваљала“ која што ова лето ја издадоа нашите познати пејачи, Таско и Лина Пејовска „Неваљала“, важи за еден од најслушаните летни хитови во регионот.

Песната настана со идеја да ја освежи музичката сцена и да донесе нов хит и повеќе од очигледно е дека овие двајца млади музичари успеаја во тоа. Таа за кратко време се искачи на самиот врв на Јутјуб Трендинг листата, а во прашање е песна наменета за поновата генерација во која можете да слушнете стихови на македонски, но и на српски јазик, за кои мора да признаеме, дека се совршено вклопени.

Маркетинг

Песната е поприлично брза и динамична, заради што ја воодушеви помладата генерација и важи за голем хит како во Македонија, така и во соседна Србија.

Фото: Инстаграм/ Лина Пејовска

Таско е познат македонски репер кој својата музичка кариера ја започна уште како момче, а покрај тоа што се занимава со рапување, тој е и композитор и текстописец. Тој досега има соработувано со голем број трап изведувачи од Македонија, како Два Бона, Слаткаристика, Тракер, но и од соседните земји (Фокс бранко од Србија и Инас од Босна).

Фото: Принтскрин/ Јутјуб

Но неговата последна соработка со пејачката што стана популарна со своето учество во Пинкови ѕвездички, харизматичната Лина Пејовска, дефинитивно е полн погодок. Како што самиот изјави во една пригода, снимањето на спотот поминал лудо и незаборавно, а воодушевена од соработката, како и од успехот на песната е и младата Лина.

Фото: Принтскрин/ Јутјуб

Лина Пејовска која неодамна наполни 18 години го крена на нозе жирито во музичкото шоу „Ѕвездичките на Пинк“. Таа своето прво преставување пред публиката го изведе на 14-годишна возраст, со песната „Бол до лудила“ на Марија Шерифовиќ, за што ги доби сите пет гласа од жирито и продолжи понатаму во натпреварувањето, а со секој настап ги воодушевуваше сите.

Младата талентирана пејачка тогаш откри дека со овој успех си ја исполни својата животна желба, а жирито се согласуваше дека Лина има специфичен глас и едвај го чекаа секое нејзино следно појавување на сцената.

Фото: Принтскрин/ Јутјуб

Што се однесува до нивната заедничка песна која веќе има преку 6 милиони прегледи на Јутјуб, музиката и текстот ги напиша Таско, а инструменталот е на Алекс познат- “Beat maker“ од Шведска. Миксот и мастерингот се на Иван Јованов – Ивајо, а спотот е во режија и монтажа на Гордан Божиновски. Сниман е во соработка со „Artistic Production“.

Фото: Принтскрин/ Јутјуб

Кадровите во спотот се снимени во индустриска зона во Велес и на кулите Џевахир во Аеродром Скопје.

Кој е Таско?

Христијан Тасковски, подобро познат како Таско е македонски рапер, композитор и текстописец. Тој започнал да пишува поезија уште како дете,а завршил средно училиште за електротехника во родниот град. После тоа, тој се запишал на еден, а потоа и на друг факултет, но не ги завршил студиите, туку се посвети на музиката. Пред активното занимавање со музика, тој бил полицаец.

Започна да се занимава со музика во 2011 година. кога ја сними својата прва песна, набргу потоа се запозна со Tracker и започна да соработува со Urban Records. Тој го направи своето деби на музичката сцена во 2016 година со соработка со Мартин Петровски на песната Ламбурџини. Стана познат во пошироката македонска јавност по објавувањето на синглот Рутина во април 2018 година.

Во текот на истата година, следуваа соработки со Tracker и 2Bona, со кои објави неколку песни. Во април 2019 година објави дует со Слаткаристика под името Марадона.

Таско во текот на 2019 година. имаше турнеја низ Македонија, па во текот на летото одржа концерт во Охрид со Раста и Маја Берович, а во ноември со Раста, Римски и Корона одржа концерт во спортската сала Борис Трајковски во Скопје.

Покрај музиката, Таско се занимава и со мода – тој е заштитно лице на компанијата Најк во Македонија и учествуваше во претставувањето на новата колекција Nike Air Max Throwback Future Pack во текот на април 2019 година.

Со оглед на зголемената популарност во регионот, Таско во 2019 година започна да соработува со музичари надвор од Македонија , а во февруари 2020 година. го издаде дуетот Балкан банда со босанскиот музичар Инас, а еден месец подоцна и песната Ди Каприо со Фокс .

Фото: Принтскрин
Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива
Фото: Инстаграм/ Тамара Тодевска
Фото: Приватна архива
Фото: Инстаграм/ Лина Пејовска
Фото: Инстаграм/ Лина Пејовска
Фото: Инстаграм/ Лина Пејовска
Фото: Инстаграм/ Лина Пејовска
Фото: Инстаграм/ Лина Пејовска
Фото: Инстаграм/ Лина Пејовска
Фото: Инстаграм/ Лина Пејовска
Фото: Инстаграм/ Лина Пејовска
Фото: Инстаграм/ Лина Пејовска
Фото: Инстаграм/ Лина Пејовска

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button