Еве кој е виновен за скандалот со Романката од Виена? Потрагата по Данка повторно во ќорсокак (видео)
По огласувањето на Романката, се огласи и австриската полиција со соопштение до јавноста
Романката А.Ц.С. која што е на снимката на која што се гледаше девојче кое многу личи на малата Данка Илиќ што исчезна на 26 март во близина на градот Бор во Србија, се пријавила во полиција уште на 30 март и тврдела дека на снимката е со својата ќерка.
Таа даде исказ во полицијата во Австрија, по што се очекуваше и официјална потврда дека на снимката не е Данка.
Оваа снимка веќе со денови беше главна тема во регионот откако на 31 март најпрво беше објавена на српскиот „Телеграф“.
Снимката е направена во Виена, а на неа се гледаат две жени Романки и едно девојче кое многу личи на исчезнатата Данка.
Принтскрин/ Социјални мрежи
Но по неколку дена австрискиот портал „Космо “објави дека ја пронашол едната од двете жени што се наоѓаат на снимката, со што потрагата по исчезнатото девојче повторно заврши во ќорсокак.
Како што објави овој медиуми, една од жените што се наоѓаа на спорната снимка веднаш откако открила дека е објавена на сите австриски и српски медиуми, се обратила во полиција. Таа вели дека од тогаш започнал пеколот за неа, а дознала од пријателите дека нејзината слика се дели на социјалните мрежи, но и на телевизиите во Романија и Србија и дека по неа се трага заради исчезнато дете. Таа веднаш се пријавила во полиција во Велс, каде што заминала на патување со својата ќерка, и побарала помош, но тие ја испратиле дома и ја советувале да пријави во полиција во Виена каде што живее.
Принтскрин/ Социјални мрежи
„Она низ што минувам е страшно! Никој на светот не може да сфати каква е оваа ноќна мора! Можев невина да настрадам. Јас сум мајка, сочувствувам заради детето од Србија и би сакал да го најдат. Но она низ што минувам со својата мајка исто така е застрашувачко“, вели оваа жена за австрискиот „Космо“.
Од друга страна, како што пишува српскиот „Блиц“, мистеријата околу снимката со девојчето кое личи на исчезнатата Данка Илиќ, би можела истиот ден да биде решена, доколку полицијата во Австрија ја сфатила сериозно пријавата на мајката која отишла во полиција уште во недела, истиот ден кога беше објавено видеото.
Австриска полиција
Имено, мајката А.Ц.С. која живее во Виена и која е на снимката со својата ќерка веднаш била известена дека се дели нејзина фотографија на социјалните мрежи и дека ја бараат за наводно киднапирање.
Таа веднаш отишла во полиција и пријавила, но тие потоа ја испратиле дома и ја советувале да пријави кога ќе се врати во Виена.
Австриска полиција
Полицијата на крај и се извини на жената
Жената исто така за австрискиот портал „Космо“ откри дека полицијата потоа дошла во нејзиниот дом и дека тогаш потпишала протокол што ќе биде доставен до Србија. Како што вели жената, тие на крај и се извиниле за проблемите низ кои што поминала, а потоа ја замолиле да дојде кај нив да го потпише протоколот.
Полицијата во Виена потоа објави соопштение во кое се тврди дека идентитетот на лицата од видеото е разјаснет и дека со нив е воспоставен контакт.
„Врз основа на истрагата и фактите, врската помеѓу лицата прикажани на објавените фотографии и исчезнатото девојче во Бор може јасно и без било каква сомнеж да се исклучат“, се вели во нивното соопштение.
Тие исто така потенцираа, дека видеото е направено од српски државјанин кој живее во Виена, кој го испратил во полицијата во Србија, каде откако роднините ги изгледале фотографиите изјавиле дека најверојатно се работи за исчезнатото девојче.
Инстаграм
„Фотографијата ја објави Управата на државната полиција во Виена на 3 април 2024 година по налог на обвинителството во Виена“, се вели во соопштението на австриската полиција.