Реклама
Наши ѕвезди

Еве кој беше најдобриот настап на Мики Секуловски во „Ѕвездите на Гранд“ – растури кога се појави

Мики откри и дали е разочаран што не победи

Реклама

Најдобриот настап на Мики Секуловски во шоуто

Во спектакуларното финале на „Ѕвездите на Гранд“ Мики Секуловски го освои високото второ место, а многумина коментираа дека би можел и да победи доколку на крајот останаа само двајца, наместо тројца.

Имено, меѓу тројцата најдобри покрај победничката Шејла Зониќ беше и Македонката Андријана Петрушовска, така што во последниот круг гласовите од Македонија беа поделени, додека Босанците гласаа само за својата кандидатка.

Маркетинг

Но затоа пак Македонија меѓу тројцата најдобри во најгледаното шоу во регионот имаше свои двајца претставници, додека талентираната 18-годишна Мелиса Зијадиќ го освои високото петто место што исто така е одличен резултат.

Маркетинг
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Сепак, по финалето многумина се интересираа дали Мики е разочаран од постигнатиот резултат, а неговиот одговор ги изненади сите.

Мики и покрај тоа што цело време имаше голема поддршка од публиката откри дека не е разочаран и дека се радува на победата на Шејла.

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Како што самит изјави по финалето, Шејла потполно заслужено победила, но и тој не се надевал дека ќе дотурка толку далеку.

„Не очекував. Бев задоволен и од тоа што дојдов до финалето, но им се заблагодарувам на сите што гласаа за мене. Презадоволен сум и подготвен за нови проекти“, изјави Секуловски за „Гранд“, потсетувајќи се на моментот кога беше избран меѓу тројцата суперфиналисти, кога не можеше да ги сокрие емоциите.

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

„Не очекував дека ќе дојдам до суперфиналето, беше стресно и неверојатно, но некако успеав да ја испеам и последната песна“, изјави тој.

Потсетуваме, Мики уште со првото појавување во шоуто остави силен впечаток, а жирито му предвиде светла пејачка иднина.

Тој во изминативе месеци беше еден од фаворитите и целиот регион го освои со својот рокерски шмек и неверојатни вокални способности, а некои од неговите настапи на грандиозната сцена се уште се вртат на социјалните мрежи.

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Мики посебно ја воодушеви македонската публика кога излезе на сцената и настапи со песната „Ја излези Ѓурѓо“, кога Александар Милиќ Мили му порача дека буквално „разнел“ со својот енергичен настап.

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

И останатите претставници на жирито тогаш беа воодушевени од Мики, впрочем како и кога прв пат се појави на сцената.

Во продолжение погледнете ги неговите најдобри настапи во „Ѕвездите на Гранд“ и во коментарите кажете ни кој ви беше омилен?

 

 

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button