Реклама
Наши ѕвезди

Еве која македонска песна Јелена му ја пееше на Душко на нивната свадба – НАЈЕМОТИВНИОТ момент кој никогаш нема да го заборават!

Реклама

Балканската поп-дива Јелена Карлеуша и фудбалерот Душко Тошиќ во брачните води запловија во 2008 година.

Фото: Принтскрин/ Јутјуб

За раскошната свадба на Јелена и Душко и ден-денес се зборува

Гостите што беа на нивната свадба и ден-денес зборуваат за неа како за најдобрата забава на која биле, а многумина од нив се сеќаваат дека пејачката беше бремена кога го кажа своето судбоносно „да“. Карлеуша тогаш носеше преубава венчаница под која го криеше трудничкиот стомак.

Маркетинг

Пејачката тогаш беше во седмиот месец од бременоста и под срцето го носеше своето првенче, Атина.

Фото: Принтскрин/ Јутјуб

„Отсекогаш сум сонувала за прекрасна, романтична венчавка, па и беше очекувано мојата свадба да биде како од најубавите бајки на Дизни“, зборуваше тогаш Карлеуша.

Маркетинг
Фото: Дејан Миличевиќ

Нејзината венчаница требаше да ја креира Дарко Костиќ, кој им беше кум на свадбата, но не одеше се според планот. Имено, Карлеуша своевремено откри дека познатиот дизајнер не успеал на време да ја заврши венчаницата за Јелена, но бидејќи таа добро го познава и претпоставувала дека такво нешто може да се случи, од самиот почеток имала резервен план.

Фото: Дејан Миличевиќ

„Под паролата ништо за мене без мене лично јас ја креирав венчаницата“, раскажа тогаш познатата пејачка објаснувајќи дека на фустанот од бела свила седум дена биле зашиени преку четири килограми кристали.

Фото: Принтскрин/ Јутјуб

На венчавката Јелена до олтарот ја проследи нејзиниот татко Драган Карлеуша, а откако се заколнаа на вечна љубов, тие ги разменија и бурмите вредни преку 5000 евра.

Фото: Дејан Миличевиќ

По венчавката следуваше прослава во еден белградски хотел за која и ден-денес се зборува.

Фото: Принтскрин/ Јутјуб

Јелена и Душко се бакнаа на првиот танц, а најемотивниот момент за младоженецот беше кога неговата бремена сопруга му ја запеа македонската песна „Зајди, зајди“.

Фото: Принтскрин/ Јутјуб

Потоа гостите ги забавуваше Тропико бенд и Мина Костиќ, а забавата траеше до зори.

Фото: Принтскрин/ Јутјуб

Видеото од свадбата во кое Карлеуша ја пее „Зајди, зајди“ погледнете го на крајот од овој текст.

Фото: Принтскрин/ Јутјуб

Фото: Принтскрин/ Јутјуб

Фото: Принтскрин/ Јутјуб

Фото: Принтскрин/ Јутјуб

Фото: Принтскрин/ Јутјуб

Фото: Принтскрин/ Јутјуб

Фото: Принтскрин/ Јутјуб

Фото: Принтскрин/ Јутјуб

Фото: Принтскрин/ Јутјуб

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button