Реклама
Наши ѕвезди

Еве која е жената со која Маленко по петти пат рипна во тавче – и НЕЈЗИНИТЕ ќерки се пливачки, заедно имаат девет деца!

Реклама

Пред точно месец дена како бомба одекна веста дека македонскиот Казанова се оженил по петти пат.

Фото: Инстаграм/ Александар Маленко

Неговата избраничка овој пат е Словенката Метка Спаравец која исто така е поранешна пливачка. Веста дека запловиле во брачните води ја соопштија и двајцата преку социјалните мрежи, а од фотографиите што можевме да ги видиме, новопечените сопружници одлучиле да направат едноставна церемонија, што можеше да се заклучи и од тоа како изгледаше невестата. Имено, Метка беше облечена во бело од глава до пети, но наместо венчаница носеше комбинезон и бело сако, а и Маленко беше облечен во спортски дух.

Инаку, Метка има четири деца, две ќерки од првиот брак со Александер Феин и близнаци од вториот брак.

Маркетинг
Фото: Фејсбук/ Метка Спаравец Маленко

Маленко пак од претходните четири бракови има шест деца, а од неговата најстара ќерка Лора доби и внуче.

Фото: Принтскрин/ Еден на еден

Тој пред да го каже своето судбоносно „да“ на новата шармантна сопруга најпрво беше во брак со водителката Сузана Турунџиева со која ја доби ќерката Лора. Александар по разводот со водителката заплови во брачни води со познатата актерка Јелена Жугиќ со кого го доби синот Ахил, а по трет пат кажа „да“ со шест години постарата Русинка Татјана Михалова Фјодорова со која исто така доби син.

Маркетинг
Фото: Фејсбук/ Метка Спаравец Маленко

По овој брак тој повторно се ожени, во 2012, овој пат со охриѓанката Фани за која најмалку се знае, и со неа доби два сина, така што Маленко сега е татко на своите пет деца и очув на четирите деца на Метка.

Фото: Фејсбук/ Метка Спаравец Маленко

Инаку Метка го има освоено првиот медал за словенското женско пливање и прва пливачка во Словенија која спортските новинари ја избраа за најдобра спортистка во 1999 година. Таа денес има 42 години и нејзиниот живот е поврзан со пливањето – Спаравец и денес работи како тренер по пливање и фитнес инструктор. Таа ги тренираше и своите ќерки Катја и Нина кои важат за најперспективни словенски пливачки.

Фото: Инстаграм/ Александар Маленко

Покрај Катја и Нина Мерка има и близнаци кои наскоро полнат три години, а кои ги има добиено од претходниот брак со Борис.

Таа своевремено беше една од најдобрите пливачки во Словенија. Во 1997 година го освои првото место на Светскиот куп (Еспоо во Финска), потоа освои сребро на 50 метри слободно на Медитеранските игри во Италија и беше прва словенска пливачка која на 50 метри слободно стигна до финалето на Европското првенство во Сивила. Две години подоцна, во Истанбул освои бронзена медала на 50 метри грбно, што е прва медала за Словенките во пливање.

Фото: Инстаграм/ Александар Маленко

Таа се квалификуваше и за Олимписките игри. Во Атланта, во 1996 година, имаше само 17 години и тогаш само стекнуваше искуство, но заради бременоста не можеше да присуствува на Олимписките игри во Сиднеј во 200 година.

Фото: Инстаграм/ Александар Маленко

Набргу по раѓањето на првото дете таа ја заврши својата кариера.

Од 1998 до 2004 живее во Австралија каде што ќе ги роди своите две ќерки. а по враќањето во Словенија ќе се запише и ќе го заврши Економскиот факултет и ќе се стекне со лиценца за фитнес инструкторка.

Катја за време на карантинот вежба во својата гаража

Потоа сосем случајно повторно ќе му се врати на пливањето, но овој пат како тренер на своите ќерки.

Фото: Инстаграм/ Катја Фаин
Фото: Инстаграм/ Катја Фаин

Нејзината ќерка Катја Фаин не само што може да се пофали со својата разновидна колекција медали од домашни и интернационални натпревари, туку во Словенија има и неколку младински и три апсолутни државни рекорди.

Фото: Инстаграм/ Катја Фаин

Таа учествуваше и на Олимписките игри во Токио во 2000 година, а со неа беше и нејзината мајка Метка, но овој пат во улога на нејзин тренер.

Фото: Инстаграм/ Александар Маленко

Што се однесува до нејзиниот брак со Маленко, за овој среќен настан јавноста дозна преку Инстаграм профилот на Александар каде се појави фотографија од нивната регистрација на која пливачот напиша „По 26 години кажавме ДА“, што укажува на тоа дека тие одамна се познаваат. Можевме да видиме и фотографии од поширокото семејство, но не е познато каде тие заминаа на меден месец.

Фото: Фејсбук/ Метка Спаравец Маленко

Бонус галерија

Фото: Бред Волс

Синхронизирано пливање

Фотографиите што ќе ги видите во продолжение се дело на фотографот Бред Волс кој со дронови ги снимаше пливачките во Сиднеј.

Фото: Инстаграм/ Бред Волс

Фото: Инстаграм/ Бред Волс

Фото: Инстаграм/ Бред Волс

Фото: Инстаграм/ Бред Волс

Фото: Инстаграм/ Бред Волс

Фото: Инстаграм/ Бред Волс

Фото: Инстаграм/ Бред Волс

Фото: Инстаграм/ Бред Волс

Фото: Инстаграм/ Бред Волс

Фото: Инстаграм/ Бред Волс

Фото: Инстаграм/ Бред Волс

Фото: Инстаграм/ Бред Волс

Извор: Гламур, БоредПанда

Поврзано

Back to top button