Еве колку трошам месечно како жена на милионер – се пофали и ги ШОКИРАШЕ СИТЕ, само за нокти троши 600 долари?!
Таа е бизнисменка и сопруга на милионер, но заради нејзината последна објава многумина ја критикуваат.
Линда Андраде која има 23 години предизвика лавина од коментари по нејзината последна објава на социјалните мрежи.
Имено, таа се најде во центарот на вниманието откако го објави видеото под наслов „Колку трошам за нега како жена на милионер“.
Во видеото што го објави таа вели дека троши 500 долари месечно само за коса, 750 долари за шминка и нега на лицето, а 700 долари за персонален тренер. Исто така на спа центри троши околу 500 долари месечно, додека за додатоци во исхраната плаќа по 100 долари.
Како што самата вели во видеото, за нокти троши околу 600 долари, а на облека 2000 долари месечно.
Линда не плаќа за третмани за нега на тело и ласерски третмани бидејќи има сопствен компанија за тоа.
Па ако ги собереме цифрите ќе дојдеме од сума од 5150 долари што оваа девојка ги троши за свои потреби.
Нејзиното видео на „ТикТок“ има преку три милиони прегледи, но и многу коментари под него.
Таа доби многу критики дека се расфрла со парите, па од тие причини реши и да ги исклучи коментарите.
Инаку, нејзиниот сопруг Рики Андраде кој исто како и таа е со потекло од Мексико, е сопственик на Маркет Мастерс Академи, каде ги обучува амбициозните претприемачи за да напредуваат во кариерата. Работата го спои со Линда која исто така има претприемачки дух.
Тие живеат во Дубаи каде Линда има бренд за женска мода и шминка, а има свој бизнис и во Калифорнија.
Нејзиниот сопруг имал само 21 година кога ќе ја напушти својата прва работа и ќе му се посвети на маркетингот.
На 23 години станува милионер, а со својата сопруга ќе се запознае токму преку работата.
Таа е сопственичка на бренд за женска облека и шминка „Luxe By Linda“ како и на компанијата „Flip Your Look“ во Калифорнија.
Фото: Инстаграм/ Линда Андраде
Фото: Инстаграм/ Линда Андраде
Фото: Инстаграм/ Линда Андраде
Фото: Инстаграм/ Линда Андраде
Фото: Инстаграм/ Линда Андраде
Фото: Инстаграм/ Линда Андраде