ЖЕНИТЕ навистина ретко ќе ги признаат своите сексуални фантазии.
Повеќето од нив ќе кажат дека дури и не размислуваат за секс, што всушност е една голема лага. Една нова студија покажа дека на претставничките на понежниот пол таквите мисли многу почесто им се вртат во главите отколку што признаваат, или поточно во просек 18 пати дневно.
Истражувањето спроведено од страна на една онлајн-страница за состаноци за луѓе што се во брак (да, и такво нешто постои) „Illicit Encounters“ покажа дека жените во просек размислуваат за секс на секои 51 минути ако се смета дека просечно спијат по 8 часа на ден. Од друга страна, на мажите сексот им се мота во главата на секои 28 минути.
Истото истражување покажало дека 59 отсто од жените редовно замислуваат секс со поранешниот, додека кај мажите оваа бројка се спушта на 49 проценти.