Еве колку пари ќе заработат Милијана (21) и Милојко (74) од Парови – планираат со дел од парите да направат свадба
Големата разлика во годините ги стави овој необичен пар во центарот на вниманието.
Но Милијана и Милојко неколку пати јавно потврдија дека разликата од 53 години воопшто не им пречи во нивната љубов, а бидејќи интересот за нив беше огромен, тие добија и понуда да влезат во српското треш релано шоу „Парови“. Како што пренесува српскиот Информер, тие веќе потпишале договор со одговорните во ова шоу, па така од следната недела ќе одат во живо на Телевизија Хепи.
Познатиот пар ќе се натпреварува за главната награда во шоуто, додека хонорарот кој ќе биде заеднички ќе изнесува 1200 евра неделно.
Сака само постари
Милијана која неколку пати изјави дека отсекогаш сакала постари мажи со Милојко за три месеци во ова шоу, колку што планираат да останат, би можела да заработи 14.400 евра. Тие како што откриваат за медиумите парите планираат да ги потрошат за свадба која им е закажана за 7 септември, но и да ја средат куќата во селото и да купат нов автомобил.
„Сакам да имаме деца, па нека е и едно. Страв ми е дека нема да дочека да гледа како растат. Но ќе родам дете, па ако треба и сама да го одгледувам“, изјави Милијана, а и Милојко потврди дека сака да има наследник со неа, иако од претходните два брака веќе има возрасни деца и внуци.