Вести

ЕВЕ КОЛКУ ПАРИ ДАДЕ МАРИЈА ШЕРИФОВИЌ ЗА ДА СТАНЕ МАЈКА: Пејачката не штедеше, сето ова мораше да го плати

Advertisement

Со оглед на тоа дека наследникот на Мaрија е роден на 2 декември во Америка, веднаш го добил нивното државјанство.

Како што пренесуваат медиумите од соседството, бебето на познатата пејачка Марија Шерифовиќ го роди сурогат мајка.

Advertisement

Бебето е родено на почетокот од декември, а пејачката сега на својот Инстаграм ја објави и првата фотографија.

Таа напиша и емотивна порака со која никого не остави рамнодушен, па го откри и полот и името на бебето.

„Се роди Марио. Сине, нека животот те води по најубавите патеки, а јас со својата љубов ќе те чувам од тага и луѓето“, пишува во својата објава пејачката и им се заблагодари на сите на бројните честитки.

Таа целиот процес околу бебето го држеше во тајност и за тоа знаеја само најблиските. За името Марио се одлучи заради симболика – потекнува од зборот „маре“ што значи море како и „марем“ што претставува машко, односно глава во семејството.

Марија Шерифовиќ го оствари сонот да стане родител со помош на сурогат мајка, а комплетната процедура, како што пренесуваат медиумите, чинела 200.000 долари.

Просечните трошоци за овој процес вклучуваат клинички такси, сурогат надомест, правни такси и агенциски такси.

Дел од буџетот оди и за компензација за донатори на јајце клетки и лекови за плодност, како и за патни трошоци. Поточно, процесот на донирање јајце клетка и формирање на ембрион чини до 50.000 долари, а процесот на сурогат е уште 150.000 долари, а сурогат мајката добива 50.000 долари.

Со оглед на тоа дека наследникот на Марија е роден на 2 декември во Америка, веднаш го добил нивното државјанство.

Откако поп ѕвездата се огласи на својот Инстаграм профил со објавување на првата фотографија од бебето, почнаа шпекулациите за тоа кога Марија и Марио ќе дојдат во Србија. Шерифовиќ не сакаше да го открие точниот датум на враќање од Америка, велејќи дека наскоро ќе го донесе синот во Белград.

Бидејќи профилите на Марија на социјалните мрежи го најавија нејзиниот новогодишен концерт на 31 декември на плоштадот во Зеница, извесно е дека поради деловни обврски ќе мора да се врати дома на крајот на месецот, па со неа ќе дојде и нејзиниот син Марио, како и мајката Верица Шерифовиќ, која постојано е со Марија во Америка.

Пејачката му се посвети на внукот и не се одвојува од него. Таа е пресреќна бидејќи и се исполнила најголемата желба нејзината ќерка да стане мајка. И таткото на Марија, Рајко Шерифовиќ, не ја крие возбудата, а како што вели во изјава за Курир, раѓањето на Марио е најголемиот и најсреќниот настан во нивното семејство.

– Во шок сум. Вака сакам да ви кажам дека јас сум најсреќниот човек на светот и дека таа го направи сето тоа без ние да знаеме ништо. Среќен сум што ме повика да го видам детето. По 18 години некако воспоставивме добар однос и таа и нејзината мајка Верица ме поканија да се видиме – изјави Рајко.

Фото: Инстаграм/ Марија Шерифовиќ

Фото: Инстаграм/ Марија Шерифовиќ

Фото: Инстаграм/ Марија Шерифовиќ

Фото: Инстаграм/ Марија Шерифовиќ

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button