Вести

Еве колку месеци пензионерите ќе добиваат фиксен додаток!

Advertisement

Во емисијата „Слободен печат“, Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, изјави дека преговорите со претставниците на пензионерите резултирале со поместување во корист на покачување на пензиите за ранливите категории на просечна плата.

До април ќе биде обезбедена и дополнителна помош според нивната база.

Advertisement

Битиќи напомена дека во преговорите биле вклучени и здруженија на пензионери и било договорено методологијата да е одличен модел за усогласување на пензиите.

Тој изрази уверување дека мерките што се преземаат даваат резултати, а инфлацијата е на исто ниво како пред кризата.

Битиќи истакна дека инфлацијата за само една година се намалила од 19,8 на 3,5 отсто, благодарение на сетот мерки што се спроведуваат.

Тој напомена и дека последниов месец има зголемување на цените во малопродажбата за само 1 процент, што укажува на минимална промена.

Понатаму, Битиќи најави зголемување и на минималната и на просечната плата, при што минималната плата во март ќе достигне 22.500 денари.

Во гостувањето на „Утрински печат“, вицепремиерот Фатмир Битиќи најави дека Владата ќе спроведе дополнителна финансиска помош за пензионерите како дел од нивните антикризни мерки.

Поддршка главно ќе имаат пензионерите од ранливите категории кои примаат пензии пониски од националниот просек од нешто над 19.000 денари.

Помошта ќе биде обезбедена во форма на фиксен паричен додаток за период од приближно шест месеци, најверојатно до април 2024 година.

Помошта нема да биде иста, туку ќе зависи од висината на пензиите – пензионери под 14.000, кои што примаат до 14.000, до 16.000 и до 19.000 денари. Овие ќе добијат дополнителен финансиски додаток

Сите пензионери од ранливите категории ќе добиваат фиксен паричен додаток , најверојатно шест месеци.

Ова го најави вицепремиерот Фатмир Битиќи, во гостување на „Утрински печат“, кој рече дека оваа финансиска помош ќе биде дел од антикризните мерки кои се очекува да бидат обелоденети наредната недела од страна на Владата.

Помошта за пензионерите ќе биде најверојатно до април 2024 година.

Битиќи појасни дека со новиот пакет мерки ќе бидат опфатени сите пензионери од ранливите категории на пензии, односно оние кои примаат пониски пензии од просечната во земјава, а која што изнесува нешто над 19 илјади денари.

„Ние направивме неколку категории на пензионери, пензионери под 14.000, кои што примаат до 14.000, до 16.000 и до 19.000 денари. Овие ќе добијат дополнителен финансиски додаток како што работната група преговараше. Ќе добијат фиксен додаток“, рече Битиќи.

Тој додаде дека висината на финансиската помош ќе биде различна за различните категории пензии.
Како дел од антикризните мерки предвидени се и средства како енергетски додаток за ранливите категории со социјални пензии.

Зборувајќи за барањата кои ги поставуваат пензионерите за воведување минимална пензија, вицепремиерот Битиќи рече дека се прават последните анализи околу тоа што тоа ќе значи за пензискиот фонд.

„За минимална пензија се прават последните анализи дали има услови и што тоа ќе значи за пензискиот фонд. За жал, ние кога ги анализираме често забораваме колкав е бројот на пензионери кои биле под некоја претпоставена минимална пензија“, рече Битиќи.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button