Реклама
Новости

Еве колку е висока сопругата на Никола Јокиќ која ги освои симпатиите на целиот свет – тие се заедно 10 години

Снимките од семејството на Јокиќ се хит на социјалните мрежи

Реклама

Легендарниот српски кошаркар Никола Јокиќ со својата екипа Денвер го освоија шампионскиот трофеј во НБА лигата.

По неверојатниот успех на кошаркарот, многумина се прашуваат и која е Наталија Јокиќ, жената што стои зад успешниот кошаркар.

И како тој чекореше кон врвот, сите се обидуваат да дознаат што повеќе за жената која е неговата најголема поддршка во животот.

Маркетинг
УСА Тудеј

Неговите браќа се веќе познати и тие се присутни на секој натпревар, но овој пат во фокусот беше токму Натали и нивната ќерка Огњена.

Никола цело време ја држеше покрај себе ќеркичката, па дури стоеше веднаш покрај трофејот наменет за НБА шампионот.

УСА Тудеј

Снимките од неговата сопруга додека таа го бодри за време на натпреварот се уште се делат на социјалните мрежи, па со тоа порасна и интересот на јавноста да дознаат што повеќе информации за неа.

Но она што малкумина го знаат е дека Наталија е дете бегалка, односно дека како бебе заедно со родители морала да избега од Хрватска.

Фото: Инстаграм/ Наталија Јокиќ

Неодамна во јавност исплива стара фотографија од насловната на „Вечерни новости“ од 1995 година на која се наоѓа слика на очајна мајка со бебе во рацете. Наводно тоа мал девојче, сликано за време на хрватската операција Олуја и егзодусот на Србите од Хрватска денес е сопруга на најдобриот кошаркар на планетата, пишуваат медиумите во соседството.

Фото: Инстаграм/ Наталија Јокиќ

Интересен пар

Она што прво ќе го забележат многумина, тоа е разликата во височина на Никола и неговата поубава половина.

Во врска со оваа разлика често знае да се пошегува и самата Наталија на која не и е лесно да излезе на крај со 211-те сантиметри на Јокиќ.

Фото: Инстаграм/ Наталија Јокиќ

Со овие детали се занимаваа и американските медиуми кои наведуваат дека Наталија е висока 173 сантиметри.

Кога тие ја започнале врската, Никола играл за Војводина Србијагас, а таа се запишала на психологија во Америка. Таа била многу посветена на образованието заради кое тие често биле разделени, но кое можеби и е и главната причина и тој да замине во Америка.

Фото: Инстаграм/ Наталија Јокиќ

Како што самиот Јокиќ во едно интервју откри, Наталија заминала по два месеци врска, по што во 2018 дипломирала во САД,

Овој момент Наталија го има забележано и на својот Инстаграм профил кој во последно време станува поприлично популарен.

Фото: Инстаграм/ Наталија Јокиќ

Тие ќе се свршат во јануари 2020 година, а истата година во октомври ќе застанат на лудиот камен во Сомбор.

Фото: Инстаграм/ Наталија Јокиќ

Најдобрата журка на сите времиња, ќе напише таа покрај нивната заедничка фотографија од свадбената церемонија.

Тие ја имаат ќерката Огњена родена во Денвер, во 2021 година, а родителите за нејзиното име се инспирирале од една песна од Балашевиќ.

Јокиќ и неговата сопруга никогаш не криеле дека се големи фанови на познатиот српски пејач, а неговата сопруга, Оливера Балашевиќ, во една пригода ќе открие и дека покојниот музичар го обожавал Јокиќ.

Фото: Инстаграм/ Оливера Балашевиќ

Потсетуваме, Јокиќ со својата љубов и приврзаност кон семејството ги изненади Американците, но и обожавателите ширум светот.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button