Вести

Еве колку години затвор може да добие скопјанецот кој го возел Палчо од Белград до Турција

Advertisement

Возачот на Палчо не знаел дека превезува бегалец кој во Македонија се бара за двојно убиство.

Го возел Љупчо Палевски-Палчо на релација Белград-Бугарија-Турција, но негирал дека во тие моменти знаел дека во неговиот автомобил има лице кое е осомничено за двојно убиство, пренесе „Скопје1“.

Advertisement

Ова во кратки црти е исказот на лицето С.Д. кое е од Струмица. Тој пред полицијата тврдел дека за вмешаноста на Палчо во убиствата дознал на 3. декември – датумот кога Обвинителството (вечерта) соопшти дека Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски се убиени, а во јавноста експресно се рашири информацијата дека организатор и реализатор е Палчо.

Транспортерот на Палчо, на социјалните мрежи споделил и фотографија од Турција која е објавена на 3 декември, но утрото.

Ова укажува дека и Палчо бил во Турција кога јавноста и институциите почнаа да бараат одговорност. МВР за цело време го има неговиот траг. Транспортерот посочил дека бил искористен од Палчо.

Advertisement

Упасениот транспортер на Палчо, се противел и да му се одреди мерка притвор. Реагирал и кога бил запрен на граница, а возилото му било запечатено, додека тој со полициска придружба бил однесен во станица, па донесен во Скопје.

Пред полицијата раскажал сѐ – го опишал секој момент поминат со Палчо – лице кое институциите го посочија како креатор, организатор и реализатор на убиствата на Панче и Вања, велат извори од истрагата за Скопје1.

Димковски го возел Палевски од Белград до граничниот премин со Турција на граничниот бпремин Капетан Андреево. Тој вчера беше уапсен од македонската полиција на граничниот премин Дојрани.

Од рутата токму на денот кога се возел со осомничениот за убиство Палчо, самиот Димковски објави фотографија на својот Фејсбук.

Рекол дека за убиствата дознал на 3 декември кога обвинителството објави дека Вања и Панче се убиени, а во јавноста се прошири веста дека организатор и извршител е Палчо.

Затворска казна од 1 до 10 години му се заканува на 46-годишниот скопјанец кој го превезувал осомничениот Љупчо Палевски – Палчо, од Белград до бугарско-турската граница.

Oсновното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен 48-часовен притвор против 46-годишен скопјанец под сомнение дека извршил – Помагање на сторител по извршено кривично дело од член 365 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

„Основаното сомневање дека осомничениот го сторил кривичното дело произлегува од досега прибавените докази од Бирото за јавна безбедност, Сектор за меѓународна полициска соработка доставено до СВР Скопје во кое е наведено дека лице осомничено дека сторило кривично дело, по кое сега е распишана меѓународна потерница, на 02.12.2023 година било регистрирано на граничните премини во Р.Бугарија и тоа со влез во Р.Бугарија на ГП Калотина и излез од Р.Бугарија на ГП Капитан Андреево (кон Р.Турција).

-И двете регистрации се со возило марка Ланд Ровер, управувано од осомничениот. Лицето е лишено од слобода и со него полициски службеници од Секторот за меѓународна соработка извршија информативен разговор.

-Во конкретниот случај, постојат околности кои го оправдуваат стравот за опасност од бегство, како и особени околности кои го оправдуваат стравот дека ќе го повтори кривичното дело, со оглед на околностите за видот и карактерот на делото, запретената казна и последиците од истото“, соопштуваат од ОЈО.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button