Еве колкава плата ќе добива првиот човек во Гранд – цифрата е НЕВЕРОЈАТНА, овие бројки се шок за целиот Балкан
Саша Поповиќ и Лепа Брена решија да го продадат „Гранд“ откако добија понуда што не можеа да ја одбијат.
Како што пренесуваат медиуми, тие наводно продукцијата ја продале за неверојатни 30 милиони евра.
Интересно е и тоа што Саша и покрај тоа што го продал Гранд, се уште не го напуштил своето работно место.
Медиумите во Србија објавија дека тој и понатаму ќе стане на своето место и ќе ја работи истата работа како и досега.
Саша Поповиќ наводно и понатаму ќе го има главниот збор во популарното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“, а како што тврдат извори, месечно ќе добива плата од неверојатни 25.000 евра, пишува „Мондо“.
Тој и неодамна, на финалната вечер од најгледаното музичко шоу во регионот потврди дека ќе остане на истото место.
„Останувам тука. Ѕвездите на Гранд ќе траат засекогаш“, изјави тој.
Инаку, Саша Поповиќ заедно со Лепа Брена направи голема прослава по продажбата на „Гранд“.
На прославата беа голем број познати фаци меѓу кои водителката на Гранд, Сања Кужет, пејачката Милица Тодоровиќ, продуцентот на Гранд Жика Јаксиќ, фолкерот Аца Пејовиќ, потоа пејачките Марија Шерифовиќ и Џејла Рамовиќ кои не се одвојуваа една од друга, победникот во Ѕвездите на Гранд, Махир Мулалиќ, како и сопругот на Лепа Брена и поранешен тенисер Слободан Боба Живојиновиќ кој цела вечер им лепеше пари на музичарите.
„Гранд го основав за две недели, но тогаш веќе имав база, со парите што ги заработив. По неколку месеци ни изгоре студиото, се што вложивме, исчезна преку ноќ. И тогаш кај мене дојде Саша Поповиќ и ме праша што да правиме сега, а јас му кажав дека ќе направиме уште подобро и поголемо студио, што и се случи. Морам да му дадам признание на Саша, тој направи медиумски генијална работа“, изјави Боба во интервју за српските медиуми, па ја спомна и Брена.
„Јас на Лепа Брена сум и сопруг цел живот. Уште како малечок, на мене мајка ми ми пушташе Леа Брена, и јас така заспивав“, се пошегува тој.
„Мојот најголем успех во животот е семејството. Тоа е нешто најсветлото што некој може да го доживее. Мојата желба беше да направиме такво семејство, да делиме еден со друг љубов и почит. Ние сме специфични, секој ја има својата слобода, но повторно на крај кога ќе се прегрнеме како семејство тоа е тоа“, изјави тој, пишува порталот „Пулсонлајн.рс“.
„Денес да се одржи семејство воопшто не е едноставно. И Брена и јас бевме остварени личности кога се запознавме“.
Само да потсетиме, Гранд продукција е основана во 1998 година од Лепа Брена и Боба Живојиновиќ, а денес припаѓа на „Јунајтед медиа“. На 2 декември истата година беше прикажана првата забавно-музичка програма Гранд шоу, па тој датум се смета за роденден на продукцијата.
Фото: Инстаграм/ Лепа Брена
Фото: Инстаграм/ Лепа Брена
Фото: Инстаграм/ Лепа Брена
Фото: Инстаграм/ Лепа Брена
Фото: Инстаграм/ Лепа Брена
Фото: Инстаграм/ Лепа Брена
Фото: Инстаграм/ Лепа Брена
Фото: Инстаграм/ Лепа Брена
Фото: Инстаграм/ Лепа Брена
Фото: Инстаграм/ Лепа Брена
Фото: Инстаграм/ Лепа Брена
Фото: Инстаграм/ Лепа Брена
Фото: Инстаграм/ Лепа Брена
Фото: Инстаграм/ Лепа Брена