Реклама
Модни совети

Еве кои фармерки и чевли НЕ треба да ги носите заедно

Реклама

Според модните експерти од „Who What Wear“ некои фармерки НЕ стојат убаво со одреден модел на чевли.

Според нив кројот и должината на ногавиците се пресудни во создавањето на совршена модна комбинација со одредени модел на чевли, па така според Кет Колинг, главната уредничка на порталот, широките фармерки со долги и опуштени ногавици никако НЕ треба да ги носиме со таканаречените „mule“ обувки (папучи и сандали без заден дел). Во комбинација со вакви фармерки инспирирани од машките плакари најдобро е да носите сандали.

Маркетинг

Од друга страна пак, и чевлите со шпиц не треба да ги носите со таканаречените „flared“ фармерки, односно оние кои се со ногавици кои се шират при дното, а наместо таков пар најдобро е да изберете фармерки со висок струк со сандали со тенки ремени и стабилна блок пета.

Маркетинг

Исто така и фармерките-ѕвонарки не стојат добро со патики. Наместо патики подобро е да ги носите со чизми со високи потпетици, салонки или евентуално со шик сандали. „Мојата омилена комбинација дефинитивно се непорабените, малку потскратени фармерки со чизми до глужд“ вели уредничката за маркетинг на порталот „Who What Wear“.

 

Модната уредничка на порталот пак, Лаурен Егерсен, смета дека ниските жени како неа никако не треба да носат фармерки со чизми над колена, па наместо нив треба да фаворизираат комбинации со чизми до пола лист и фармерки со кратки ногавици во форма на трапез.

Општо познато е дека фармерките најдобро стојат со високи потпетици, па ако не сакате да погрешите туку да создадете визуелен впечаток на подолги нозе носете таков тип обувки со фармерки со висок струк и широки ногавици.

Отвори ја галеријата и погледни неколку шик модели на сандали за оваа сезона >>

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button