Реклама
Вирално

Еве кои места би можеле повторно да бидат ставени во карантин во Македонија – мерките не се почитуваат, ситуацијата е лоша

Реклама

Ќе има ли повторно полициски час во Македонија?

Во Македонија се зголемува бројот на нови заразени случаи со корона вирус, па затоа можни се и нови рестриктивни мерки, пишуваат македонските медиуми.

Маркетинг

Како што објави порталот „Фактор“, од Комисијата за заразни болести само во Скопје има 47 нови случаи, а голем е и бројот од Штип и Тетово.

Тие се револтирани и информираат дека заради новонастанатата ситуација ќе донесат нови препораки кои ќе бидат ригорозни.

Маркетинг

Ова следуваше откако неколку денови по ред на цела територија на државата бројот на новозаразени почна да се зголемува, посебно откако беше укинат полицискиот час и мерките почнаа да се олабавуваат. Од тука голема е и веројатноста истиот да се врати назад, а според неофицијални информации истиот ќе биде побаран за неколку скопски општини, но најверојатно и за Тетово и Штип.

Проблемот со Чаир и Тетово е заради семејните забави, така што од вирусот се заразени цели фамилии.

Од друга страна пак, во Штип има нови случаи на заразени текстилни работнички, па се размислува да се затворат сите конфекции, бидејќи почнале да се појавуваат случаи и од други конфекции. Наводно проблемот е во тоа што работничките на работа биле носени со исто превозно средство.

Во последниве 24 часа животот го изгубиле 7 пациенти кои биле позитивни на вирусот Ковид-19, дознава Алсат-М.

Како што информираат од телевизијата, 6 од нив биле хоспитализирани во болницата „8 Септември“, а еден во Клиниката за инфективни болести.

Вториот бран може да биде полош?

Светската здравствена организација пред само неколку дена понуди хипотеза за тоа како би можел да изгледа коронавирусот во следните неколку месеци. Имено, додека сè уште живееме во времето на првиот бран на пандемијата, а бројот на заболени сè уште расте, бројот на заразени лица би можел нагло и значително да се зголеми во секое време.

Нов пик на инфекцијата ќе значи ненадеен скок на случаи, кој може повторно да ги преоптовари здравствените системи и еветуално да предизвика повеќе трагични случаи. Вториот пик би можел да биде полош од првиот, а дали ќе има зголемување на случаите во есен зависи од тоа што правиме сега и какви мерки презимаме.

Во сценариото на вториот пик, случаите на коронавирус би се појавиле нагло и брзо додека не достигнат нов максимум, веројатно по период во кој стапката на инфекција е прилично стабилна.

Целиот научен свет напорно работи на пронаоѓање на вакцина против Ковид-19, но засега никој не се осмели гласно да каже дека вакцина сигурно ќе има. Ако се успее во тоа, прашање е кога ќе се појави во поголеми количина на пазарот.

По, сепак од американската биотехнолока компанија Модерна стигнуваат оптимистични вести зошто нивната вакција, која веќе два месеци се тестира на доброволци се покажа делотворна. Имено, вакцинирањето со вакцината mRNA-1273 покажа дека вакцинираните развиле антитела на коронавирус дури и ако добиле најниска доза од 25 отсто односно 100 микро грами две недели по примената прва доза.

Тие имале имунолошки одговор сличен на оној кој е утврден кај пациенти кои се оправиле од Ковид-19.

Компанија по овие први оптимистични резултати најавува трета фаза на клиничките испитувања во јули, а ќе се работи на повеќе илјадници пациенти.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button