Реклама
Вирално

Еве кои маркети и аптеки ќе работат во Карпош за време на викендот

Реклама

Листа на маркети и аптеки кои ќе работат за време на викендот во Карпош.

 

Маркетинг

Општина Карпош објави кои маркети, продавници и аптеки ќе работат претстојниот викенд за време на полицискиот час, а кои претходно аплицирале на Јавниот повик на локалната самоуправа.

Општина Карпош преку урбаните заедници постави известувања на влезовите од згради, на неколку маалски продавници, маркет и аптеки кои ќе вршат достава на неопходни продукти за време на викендот.

Маркетинг

За време на викендот ќе работат и други ресторани, локали кои ќе вршат пица достава и слично, но согласно укажувањата од институциите, Општината ги објавува локалите кои можат да обезбедат неопходни продукти за секое домаќинство.

МАРКЕТИ/ПРОДАВНИЦИ• ВЕРО МАРКЕТ: 075-488-129 и 075-499-782 (врши достава)
• ДЕНИС ФРЕШ (ОВОШЈЕ И ЗЕЛЕНЧУК): 070 – 210 – 533 (врши достава)• СТАРИ КОМЕРЦ (КОЛОНИЈАЛ): 071 – 575 – 414 (врши достава)• ТАЦ МАЦ (КОЛОНИЈАЛ): 070 – 357 – 577 (врши достава)• БАРДИ ТРЕЈД (реон Бардовци): 075 – 582 – 525

АПТЕКИ• ЗЕГИН: 078 – 214 – 892 (врши достава)• ЕУРОФАРМ: 02/ 55 14 580

Градоначалникот Стефан Богоев ги повика сите граѓани да ги почитуваат мерките, да останат дома и да не ја злоупотребуваат поддршката од маркетите и аптеките.

Само одредени маркети за храна ќе работат за време на полициски час

Општинските кризни штабови ќе определат маркети од каде ќе се обезбедуваат само најнеопходните намирници, а економските оператори кои се регистрирани да вршат достава на храна преку он-лајн порачки, непречено да ја извршуваат својата работа, во деновите сабота и недела, кога на сила ќе целосна забрана за движење.
За оваа цел, се задолжуваат Општинските кризни штабови, во соработка со Министерството за внатрешни работи да го организира движењето на лицата волонтери што ќе ги доставуваат најнеопходните намирници до домовите на граѓаните.

Економските оператори што имаат производствени капацитети да го прилагодат своето работно време согласно забраните за движење на територијата на Македонија и непречено да го организираат работниот процес.

Ова се дополнителни одлуки, велат од Владата, бидејќи од 8. април 2020 се засилуваат превентивните мерки.
Имено, се забранува движењето од понеделник до петок, од 16:00 часот до 5:00 часот наредниот ден, како и за време на викенд деновите од 16:00 часот во петок, до 5:00 часот во понеделник.

Луѓето над 67 години, ќе смеат да се движат само двачаса во денот, односно од понеделник до петок од 10 до 12 часот.

Децата и младите на возраст до 18 години, ќе смеат да се движат од 13.00 до 15.00 часот.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button