Вести

Еве кои граѓани наскоро ќе добијат финансиска поддршка и дополнителен приход од Владата!

Advertisement

Линеарно покачување на пензиите од 5.000 денари, минимална пензија 20 илјади денари, нова методологија за пресметување на пензиите, ова се новите барања на пензионерите откако наместо најавените 6, добија плус 5,3 отсто.

По низата протести кои изминативе месеци ги организираа пензионерите ширум државата, тие не отстапуваат од своите барања.

Advertisement

фото илустрација

Штипските пензионери најавија голем протест на 11-ти Октомври, а денеска упатија и прашање до министерката Тренчевска.

По повеќе од месец дена откако се на улица револтот кај пензионерите не стивнува, тие најавуваат радикализирање на протестите, повторувајќи ги барањата за помирен живот и достоинствени пензии.

И додека пензионерите најавуваат нов голем масовен протест во Скопје, министерката за труд и социјална политика вчера истакна дека нема да има линеарно зголемување на пензиите, затоа што, како што рече, мора да се води сметка за стабилноста на пензискиот систем.

фото илустрација

Инаку, оваа недела се очекува да биде готов извештајот на работната група за пензиите.

„Во 2022 ја донесовме методологијата која сите пензионери ја поздравија и рекоа „да, тоа е систем кој носи до поголеми пензии.

Секоја година се усогласува со 50 отсто од трошоци за живот и 50 отсто од порастот на просечната плата. Усогласувањата во март и септември се речиси 14 отсто,” истакна Тренчевска во емисијата „Што мисли Народот” на ТВ Стар.

фото илустрација

Министерката праша зошто 5000 денари и зошто минимална пензија 20.000 денари. И дали пензионерите кои протестираат имаат направено анализа.

„5000 денари линеарно покачување значат 330 милиони евра на годишно ниво само за покачувањето. Плус за редовната исплата на пензиите.

Дали е реално кога се соочуваме со наследен дефицит на фондот за пензиско, кој што од година на година го намалуваме, да го оптовариме со 330 милиони евра и доведеме во прашање исплатата на сегашните и идни пензионери!” рече Тренчевска.

фото илустрација

Министерката посочи дека пораст на пензиите од 24 отсто за година и половина е историско. Како и дека во 2022 година на сите 336 илјади пензионери се даде по 3000 денари, и за оние со пониски пензии по 6000 и 3000 денари како поддршка за најранливите.

Таа се осврна на минималните пензии во регионот, па посочи дека во Хрватска таа изнесува околу 160 евра, а во Србија 10.800 денари.

„Оваа Влада се грижи за пензионерите. Повторно ќе донесеме пакет мерки каде што ќе бидат таргетирани пензионерите со ниски пензии. Меѓутоа нема да се нанесе штета на стабилноста на пензискиот фонд,” посочи таа.

фото илустрација

Ќе имаме мерки што ќе значат дополнителен приход, финансиска поддршка на пензионерите, меѓутоа ќе бидат опфатени оние пензионери кои се со ниски пензии и кои се во најранливата категорија, изјави Тренчевска по посетата на градинката „13 Ноември“ по повод Денот на детето.

Тренчевска рече дека како Влада остануваат отворени за разговор со пензионерите, но дека не се согласува со линеарно зголемување на пензиите како што бараат пензионерите поради стабилноста на пензискиот систем.

– Секое нереално покачување на пензијата и секое нереално трошење на средствата во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување значи дека ќе ги доведеме во несигурност исплатата на пензиите на сите 336 000 пензионери.

фото илустрација

Ниту како Влада, ниту како министерка за труд и социјална политика нема да дозволам да се наруши стабилноста на Пензискиот фонд.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button