Еве кога се очекува првиот снег во Скопје!

Времето денес променливо облачно со сончеви периоди, претпладне во западните делови со умерен до засилен ветер од западен правец.
Попладне и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд, повеќе застапени во западните делови и ќе дува умерен, долж Повардарието засилен ветер од северозападен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 14 до 20 степени.

Времето и метеоролошки параметри за Скопје: Променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и во вечерните часови ќе има повремени врнежи од дожд и ќе дува умерен до засилен северен ветер.
Времето утре сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, претпладне долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.

Во Скопје претежно сончево со слаб до умерен северен ветер.
Викендов први услови за снег во Скопје, но веројатно само на Водно и на Скопска Црна Гора.
Според последните прогнози, влажниот бран кој доаѓа попладнево ќе се задри и за време на викендот а ноќта во петок кон сабота се најавуваат услови за снег но на надморска висина над 700 метри.
По дождот во попладневните часови денеска, за утре се очекува стабилизација но од петок повторно облачно време и врнежи од дожд.

Во сабота се очекува и значително намалување на температурите па дневните нема да надминат 7 степени, а наутро се очекуваат температури околу нулата.
Веројатно од викендов ќе почне вистинската есен бидејќи веќе нема да има температури на десетина степени во текот на денот а утринските постепено ќе се намалуваат.
Како што сега изгледа долгорочната прогноза, услови за снег ќе има и на почетокот на декември.

Метеорологот Славчо Попоски со најнова временска прогноза.
,,По краткотрајната стабилизација на времето која пристигна во Македонија, во среда во попладневните и во вечерните часови повторно од северозапад облачноста ќе се зголеми и ќе има нови врнежи од дожд од локален карактер, а ќе започне да дува и умерен до засилен ветер од северен правец.
Потоа во четврток повторно следува краткотрајна стабилизација на времето.
Веќе од петок попладне, како и за време на викендот под влијание на нова циклонска активност од запад повторно ќе имаме нови обилни врнежи од дожд. Во петок ветерот ќе биде од јужен правец, додека за време на викендот ќе дува засилен ветер од северен правец, со што од север кон нашата територија ќе се спушти постуден воздух, а температурите значително ќе опаднат.

Токму овој студен бран на планините ќе предизвика врнежите од дожд да преминат во врнежи од снег. Овој пат снежната граница ќе се спушти до 1500 м.н.в.
За време на викендот, а особено во недела наутро го очекуваме и првиот мраз за оваа сезона на повеќе места, што значи на многу места низ Македонија температурата во недела наутро ќе се спушти до околу 0 степени, а понекаде и за некој степен под нулата.
Максималните дневни температури на воздухот за време на викендот пак ќе се искачуваат во интервалот само 7 до 13 степени.

Да напоменеме дека за време на викендот кој доаѓа на планините кај нас, но и во регионот ќе дојде до формирање на првата позначителна снежна покривка. Се очекува формирање на снежна покривка од 10 до 20 сантиметри, понекаде и повеќе”, објави тој.




