Ако се препознаете во овие точки, тогаш дефинитивно треба да го замените вашиот сегашен партнер со подобар човек.
Нема време за вас
Нема време за вас, но секогаш наоѓа време за другите луѓе и ги откажува вашите планови да се дружи со нив.
Никогаш не ви кажува „благодарам”
Сакате да му угодите со тоа што ќе се грижите за него, му ги готвите неговите омилени јадења и му ги исполнувате неговите желби, но тој никогаш не ви се заблагодарил за тоа. Изгледа дека не заслужува таков кралски третман.
Тој не ве прашува за совет
Кога донесува одлуки, нема да се јави, дури и кога тие одлуки би можеле да влијаат на вашата врска.
НЕ се грижи за вашето мислење
Вие имате право да кажете се што е во врска со вашата врска, но ги занемарува вашите ставови и не бара мислење.
Планира без тебе
Доаѓа дома и ти кажува дека доаѓаат на вечера неговите пријатели и тој не те прашува дали имаш време и дали сакаш воопшто? Не само што не ве цени, не го цени и вашето време, а исто така смета дека секогаш треба да му бидеш достапна.
Мрзелелив е
Тој ја остава цета работа на тебе и не му паѓа на памет да ти помогне. Во здрав однос, обврските се поделени половина.
Тој мисли дека со него „лажицата ти паднала во мед”
Тој сака да се пофали дека е одличен и убеден дека треба да бидете среќни и благодарни што воопшто сте со него. Верувајте, има многу подобри луѓе, а ти заслужуваш еден од нив. Треба само да ги побараш…
Ве изневерува
Дали ви треба поголем доказ за ова што воопшто не го цени? Заменете го со добар човек, под итно!