Еве кога во Македонија ни доаѓа снегот – најточната временска прогноза за дo крајот на месецот!
Еве какво време не очекува во следните неколку дена
Во Македонија денес се очекува да биде претежно облачно и студено време, со повремен дожд, додека на планините ќе врне снег. Ќе дува умерен ветер, вдолж Повардарието, а во источните делови засилен северозападен ветер, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
Утринските температури ќе бидат од пет до девет степени, а највисока дневна температура во јужниот дел – 11 степени.
Во Скопје ќе биде облачно и студено, со највисока дневна температура од 10 степени. Повремено ќе врне дожд и ќе дува умерен ветер од северозападен правец.
Долгорочна прогноза
Следува период на променливо облачно и постудено време со локален дожд, а на повисоките места и на планините снег.
Услови за слаб снег ќе има и во некои пониски места. Ќе дува умерен, повремено засилен северозападен ветер.
Во среда не очекува променливо облачно и постудено време, со локални врнежи од дожд и снег, а на планините и на повисоките места само од снег.
Ќе дува умерен северозападен ветер.
Во четврток и петок не очекува краткотраен прекин на врнежи и делумно разведрување. Но во петокот вечерта ново наоблачување со повремен локален дожд, а на планинските делови и снег.
Променливо облачно и студено време не очекува и во деновите преку викенд и почетокот на следната недела, со повремен пад на температурите и со услови за снег и на некои пониски места.
Ќе дува умерен северозападен ветер.