Еве како ќерката на Топалко изгледаше пред пластичните операции – обожавателите ја критикуваат дека порано била поубава
Ќерката на познатиот пејач веќе со години важи за една од најатрактивните дами во регионот.
Хелена Топаловиќ со својот несекојдневен шарм и убавина веднаш се истакна меѓу децата на познати личности, и иако има само 23 години, веќе долго време важи за една од најатрактивните дами во регионот.
Таа започна да го привлекува вниманието на медиумите уште на 16-годишна возраст кога започна романса со колегата на нејзиниот татко, познатиот пејач Јоца Стефановиќ. И како што изминуваа годините, за Хелена се повеќе се пишуваше во медиумите, како заради нејзиниот емотивен живот, така и за нејзиниот физички изглед, пренесува Глоси.
Познато е дека Хелена уште како многу млада, ја направи својата прва естетска корекција, меѓутоа, како што поминуваат годините, промените на нејзиното лице стануваат позабележителни.
Но многумина коментираат дека таа веќе ја изгубила секоја мерка кога станува збор за зголемување на усните, критикувајќи ја дека ќе беше многу подобро за неа од застанеше на првата корекција.
Па така ако ги споредиме нејзините сегашни фотографии со оние направени во минатото, ќе забележиме дека изгледот на усните на Елена драматично се промени.
Иако изјави дека усните се единствената корекција на нејзиното лице, постојано се шпекулира дека претрпела бројни други интервенции. Но Хелена впрочем како и многу други познати дами, никогаш не го потврди тоа.
Хелена пред операциите
Нови фотографии …
Па, која Хелена ви се допаѓа повеќе – онаа од пред или по операциите?
Извор: Glossy, Espreso