Еве како Јелена од Сител ужива со сопругот и нивниот наследник – малиот Немања го украде шоуто
Нашата позната водителка објави слика со која ги воодушеви своите пријатели и следбеници
Јелена Спасиќ, (моминско Богојевиќ) која се прослави како дел од екипата на „Фчерашни“ ужива во брачниот живот со сопругот.
Имено, убавата водителка која пред нешто повеќе од година и пол го роди своето прво дете на кое гордите родители му го дадоа името Немања, објави интересна фотографија на својот профил на Инстаграм на која е со семејството.
На фотографијата можеме да видиме како Јелена и нејзиниот сопруг се шетаат, а покрај нив е и малиот Немања кој сам си ја турка количката.
Фото: Инстаграм/ Јелена Спасиќ
„Само ние тројцата“ напиша Јелена во описот, а фотографијата ги разнежни нејзините пријатели на социјалните мрежи.
Потсетуваме, Јелена по породувањето за брзо време повторно се врати во топ форма, па сите и порачуваат дека изгледа преубаво.
Фото: Инстаграм/ Јелена Спасиќ
Таа пред неколку недели беше и дел од еден настан за венчавки, а како изгледаше во венчаница, погледнете во продолжение…