Еве како Цаци од Сител ја одржува својата топ форма – објави ФОТОГРАФИЈА и ги воодушеви сите со ова издание (фото)

Таа е една од нашите најпознати водителки и новинарки, а сега ни покажа и како се одржува во форма.

Нашата позната водителка Славица Арсова која пријателите и колегите нагалено ја нарекуваат Цаци, на социјалните мрежи ретко објавува фотографии. Но секогаш кога ќе го направи тоа привлекува големо внимание, а така беше и овој пат со нејзината последна објава.
Имено, Цаци реши да си ги наполни батериите и да се качи на Водно, па се огласи од самиот врв.
Облечена во спортска облека во розова боја и со темни очила за сонце водителката покажа како ужива во убавото време.

Таа ги изненади сите и со спортското издание во какво ретко ја гледаме па од обожавателите и пријателите си доби најпозитивни коментари на сметка на својот изглед, но и заради позитивната енергија што ја шири.

Славица најчесто ја гледаме во елегантни изданија, а во едно вакво издание навистина ретко имаме прилика да ја видиме.

Инаку Цаци е во брак со познатиот новинар и нејзин колега Александар Спасовски-Сарма со кој има и ќерка.

Како што е познато на целата јавноста, една година пред да им се роди ќерката, Александар во живо на вестите на Сител ја побара Славица за жена, а таа секако прифати, па долго време медиумите пишуваа за овој потег на Александар.
Фото: Инстаграм/ Славица Арсова
Фото: Принтскрин/ Сител
Фото: Инстаграм/ Славица Арсова
Фото: Принтскрин/ Сител
Фото: Принтскрин/ Сител
