Реклама
Home Sweet HomeНаши ѕвезди

Еве како ужива во својот базен Бојана Скендеровски – пејачката има раскошен двор, вака се разладува

Еве што прави во својот дом познатата пејачка

Реклама

Познатата пејачка Бојана Скендеровски (40) иако работи со полна пареа, таа знае како да се „рестартира“ и да си ги наполни батериите.

Имено, шармантната пејачка деновиве најпрво се пофали со свидетелството на својата ќерка Искра и ги разнежни сите со пораката што ја напиша за малата првоодделенка, а потоа покажа и како се релаксира во големиот базен во својата куќа.

Нејзината ќеркичка заврши прво одделение, а познатата пејачка објави заедничка фотка на својот Инстаграм го напиша следново:

Маркетинг

„Можеби на светот не значи ништо што завршивме прво одделение, но за мама и тато на нашата Искра значи огромна среќа и гордост“, пишува Скендеровски насмеана и полна со радости покрај својата мала принцеза.

Маркетинг

Пејачката потоа објави и снимка направена на базенот во нејзиниот раскошен двор, облечена во едноделен костим за капење.

Таа позираше додека лежи покрај базенот и ужива во слободното време, речиси без грам шминка и со коса врзана во пунџа.

Како Бојана изгледаше и во ова издание, погледнете од фотографиите или од видеото на крајот од овој текст.

Потсетуваме, Бојана својата музичка кариера ја започна во 2002 година, на изборот „М2 потрага по ѕвезди“.

Покрај својата успешна музичка кариера, Бојана беше позната и како водителка на емисијата „Улица Македонија“, а заедно со сопругот се сопственици и на продукциската куќа Скендеровски која стои зад проектот, „Македонијо, во срце те носиме“, во кој соработуваат со многу наши познати музичари.

Но очигледно Бојана која секогаш е средена од глава до пети, без разлика дали станува збор за обична прошетка, одење на кафе или на некој настан, и која истовремено се грижи и за своите две деца, секогаш успева некако на крај да излезе со сите овие обврски и успешно да го избалансира приватниот со професионалниот живот. Впрочем, таа е таква и во своите песни, па така во една пригода за песната Ми треба која што ја посвети на сите жени, ќе изјави:

„Јас особено сакам да ги поддржувам жените. Жена сум и знам што тоа значи во едно балканско општество. Ги охрабрувам жените да бидат свои, самостојни, да работат на себе и верувам во нивната енергија. Оваа песна можеби има малку така пофеминистички текст, во смисла мажот е тој кој треба да се труди околу жената. Јас имам ќерка, јас сум нечија ќерка, имам сестра, ние сме една женска фамилија, па отсекогаш сметам дека жените се секогаш поорганизирани и помултитастинг од мажите. Нека ми простат ( се смее)“.

„Апелирам да бидеме посвесни за денешната улога на жената. Денес, жените треба да бидат и домаќинки и мајки, и образовани и со кариера. Потребно е ние жените да се поддржуваме, изјави во една пригода Бојана за Гламур магазин, откривајќи и како се снимаше спотот за нејзината песна „Ми треба“.

Целото интервју со Бојана прочитајте го тука

Бонус видео

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button