Реклама
Наши ѕвезди

Еве како треба да се пее песна од Блага Петреска и Ефто Пупиновски – Јованка и Огнен го украдоа шоуто

Македонските Гранд ѕвезди растураат во Белград

Реклама

Скопјанката Јованка Јакимовска Митревска Јо (46) растури повторно со својот настап во популарното шоу за ветерани.

Како што и самата повеќе пати има истакнато, таа воопшто не се кае што се пријавила за „Никогаш не е доцна“, а публиката, па и сите претставници на жирито бе воодушевени од нејзиниот последен настап.

„Сјајно, а го знаеме и оригиналот кој е сјаен. Ти даде еден друг впечаток и некако песната уште повеќе му е блиска, да бидам искрен. Твојот темперамент дојде до израз во ваква лесна песна, што е најтешко за пејачот. Ти честитам, сериозно напредуваш од емисија во емисија, сé повеќе ти годи и тоа се забележува“, заклучи композиторот Саша Милошевиќ Маре по нејзиниот настап.

Маркетинг

Принтскрин/ Јутјуб, Никогаш не е доцна

Инаку, Јованка се претстави со песната „Мој град“ од Марија Шерифовиќ, а по настапот публиката побурно ја награди со аплауз.

Маркетинг

Сличен коментар дадоа и останатите претставници на жирито, а Јованка потоа во ревијалниот дел настапи со уште еден Македонец.

Принтскрин/ Јутјуб, Никогаш не е доцна

Станува збор за младиот пејач Огнен Здравковски кој се прослави со учеството во „Ѕвездите на Гранд“, а кој со Јованка овој пат заедно ја изведоа незаборавната „Песната може сé“, големиот хит од пред три децении на Блага Петреска и Ефто Пупиновски од истоимениот албум на легендарната македонска пејачка.

Принтскрин/ Јутјуб, Никогаш не е доцна

Талентираната Јованка по шоуто даде интервју за Гранд во кое призна дека беше понесена од емоциите како никогаш досега.

Како што самата вели, таа била понесена од емоциите и атмосферата, но и од песните што ги пеела и кои и се при срце.

Принтскрин/ Јутјуб, Никогаш не е доцна

Тоа е песна што зборува за песните. Како да ви кажам, сите ние имаме некоја песна што ни ја подига енергијата и која што сакаме да ја слушнеме кога сме среќни, но имаме и такви што ги слушаме кога сме тажни. Но најважно е тоа што песната секогаш е лек за душата“, порача со насмевка Јованка за Гранд.

Принтскрин/ Јутјуб, Никогаш не е доцна

Нејзиниот настап, но и оригиналната верзија на оваа песна на Блага Петреска и Ефто Пупиновски, погледнете ги во продолжение…

 

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button