Еве како Спасен ужива со својот син во зимската идила – најубавото нешто што ќе го видите денес
Гордиот татко е пресреќен кога вака го минува времето
Секое дете се радува кога ќе види снег и одвај чека прилика да излезе надвор и да си поигра и да ужива во зимската магија.
Тоа впрочем можевме да го видиме и од најновата објава на фолк-пејачот Спасен Силјаноски кој сподели еден емотивен момент со својот наследник и покажа како уживаат на снег.
Имено, пејачот на Инстаграм објави снимка на која се гледа како застанал на место на кое што има снег и си игра со својот син.
Фото: Инстаграм/ Спасен Силјаноски
Ниските температури и студот очигледно не им пречеа да поуживаат во овој бајковит момент, а Спасен си доби и топка во грбот.
Гордиот татко не можеше да се воздржи, а да не го сподели овој среќен момент, па со насмевка на лицето ги поздрави пријателите и следбениците, додека малиот му се радуваше на снегот.
Фото: Инстаграм/ Спасен Силјаноски
Инаку, Спасен има убава комуникација со своите следбеници преку социјалните мрежи, а не ретко со нив споделува и семејни детали.
Фото: Инстаграм/ Спасен Силјаноски
Како што самиот многу пати досега има истакнато тој ужива во секој момент што ќе го помине со најблиските, а бидејќи наскоро го очекува набиена агенда, заради новогодишните и божиќните празници, кога подолго време ќе отсуствува од дома, овие мигови имаат посебно значење и за неговите наследници.
И како и секогаш, неговата објава предизвика бројни позитивни коментари на социјалнните мрежи, а како изгледаше Спасен во овие среќни моменти погледнете во продолжение…