Наши ѕвезди

Еве како сопругата го изненади нашиот познат фолкер за роденденот – ова нема никогаш да го заборави

Оваа година прославија 16 години брак и имаат четири деца

Advertisement

Ѓоко Јовиќ деновиве го прослави својот 38 роденден, а најголемо изненадување му приреди семејството.

Кога пејачот се врати дома го чекаше преубава романтична атмосфера што неговата сопруга Ивана заедно со нивните четири ангелчиња специјално ја подготви за овој посебен ден.

Advertisement

Целиот простор беше осветлен само со свеќи, а го изненадија и со преубава, вкусна торта на која пишуваше „Те сакаме“.

Фото: Инстаграм/ Ивана Јовиќ

На тортата имаше мече и свеќи со бројот на негови години, кои пејачот ги дувна заедно со помош на неговиот најмал син.

Advertisement

Фото: Инстаграм/ Ивана Јовиќ

Ѓоко и Ивана кои оваа година прославија 16-годишнина од бракот се родители на четири прекрасни дечиња.

Фото: Инстаграм/ Ивана Јовиќ

Теодора, Михаил, Јоан и Дарин се имињата на нивните четири ангелчиња, а Ѓоко е најсреќен кога го минува времето со нив.

Фото: Инстаграм/ Ивана Јовиќ

Впрочем тоа може да се забележи и од неговиот профил на Инстаграм каде често објавува семејни фотографии.

Фото: Инстаграм/ Ивана Јовиќ

Тој не крие дека семејството му е најважно во животот и дека отсекогаш сакал да има многу деца.

Фото: Инстаграм/ Ивана Јовиќ

Најмалиот син Дарин им се роди пред две години и за неколку недели ќе треба и нему да му го слават роденденот.

Фото: Инстаграм/ Ѓоко Јовиќ

Сопругата Ивана е една година постара од него, и во февруари оваа година наполни 39 години.

Како тие изгледаат кога се заедно и како ужива пејачот во секој момент поминат со семејството, погледнете во продолжение…

Фото: Инстаграм/ Ѓоко Јовиќ

Фото: Инстаграм/ Ѓоко Јовиќ

Фото: Инстаграм/ Ѓоко Јовиќ

Фото: Инстаграм/ Ѓоко Јовиќ

Фото: Инстаграм/ Ѓоко Јовиќ

Фото: Инстаграм/ Ѓоко Јовиќ

Фото: Инстаграм/ Ѓоко Јовиќ

Фото: Инстаграм/ Ѓоко Јовиќ

Фото: Инстаграм/ Ѓоко Јовиќ

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button