Како полесно да се пребродат студените зимски денови?
Па најлесно е со сеќавање на прекрасните моменти поминати на сонце покрај морските бранови. Тоа дефинитивно помага во ваквите тмурни денови, а овој „третман” го користи и познатата хрватска пејачка Северина.
„Имам грип. Затоа морам да го одложам концертот. Искрено жалам за тоа. Но, оваа слика го подобри моето расположение“, напиша пејачката на нејзиниот официјален профил на Инстаграм заедно со фотографија направена за време на нејзиниот престој во Занзибар.
https://www.instagram.com/p/Bq4toqthbHr/?utm_source=ig_embed
Без овие обувки нема добар одмор!
Но сликата ни го открива и тоа дека Северина можеби не е внимателна кога станува збор за тоа кому му позира во разголено издание, но затоа е многу внимателна кога оди на плажа. Освен капи и очила за сонце кои штитат од штетни УВ зраци, таа исто така носеше и гумени сандали што штитат од гребаници, убоди од еж и од остри камења. Кога бевме млади и ние носевме вакви „старомодни“ сандали, но со тек на време сите дознавме дека е многу подобро и побезбедно да ги носиме отколку да го трошиме драгоценото време во вадење на боцки и санирање на потенцијалните повреди.
https://www.instagram.com/p/BqpSs6uhUJf/