Реклама
Наши ѕвезди

Еве како Сашко Коцев го помина Денот на вљубените – со интимните детали од животот ги насмеа сите

Познатиот актер повторно ги насмеа скопјани

Реклама

Нашиот познат актер јавно ги изнесува интимните детали од неговиот живот и на овој начин ја засмејува публиката до солзи…

Познатиот македонски актер Сашко Коцев повторно ја насмеа до солзи скопската публика во Македонскиот народен театар со својот „стендап“.

Иако премиерата беше во ноември минатата година, за овој негов настап се уште се бара влезница повеќе, а МНТ во кој цели два часа публиката гласно се смееше беше полн до последно место.

Маркетинг

Сашко и овој пат со неговиот стендап насловен како „Широк дијафазон“ преку анегдоти од животот ја насмеа публиката, цело време шегувајќи се и комуницирајќи со публиката.

Маркетинг
Принтскрин

Зборуваше за неговиот „посебен“ однос со докторите (затоа што неговата сопруга е докторка, па е опкружен со „бели мантили“), потоа за односот помеѓу мажот и жената во бракот, за случките од годишните одмори и за многу други нешта за кои што на крајот од публиката беше награден со мноогу долг аплауз и овации.

Принтскрин

Коцев на овој начин повторно им го подари најубавиот подарок на неговата бројна публика и тоа на Денот на вљубените (или на Свети Трифун), а за тоа колку беше добра атмосферата сведочат и изразите на лицата на публиката кои по двочасовното смеење излегуваа од салата во катарза. Никој од нив нема никогаш да му ја заборави оваа вечер во која се смеел најмногу во животот, иако сите веќе знаеја што ги чека и колку е „брутален“ Сашко кога е хуморот во прашање.

Но Сашко си е Сашко, еден и единствен, во „широк дијафазон“…

Принтскрин

Принтскрин

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button