Нега и здравје

Еве како Русите на природен начин се штитат од корона вирусот

Advertisement

Намирници кои се најбарани во нивните продавници

Advertisement

Корен од ѓумбир се смета од многу Руси како профилактички и терапевтски агенс. исто така се смета дека лукот го зајакнува имуниот систем, а лимонот е широко познат како резервоар на големи количини на витамин Ц.

Побарувачката за ѓумбир, лимон, лук и мед во Русија кон крајот на март и почетокот на април скокна со бранот на епидемијата на вирусот корона и традиционалното верување во нивните корисни ефекти врз скоро сите болести.

Продажбата на ѓумбир се зголеми за 136 проценти од 23 март до 2 април, а просечната цена за таа намирници се зголеми за 71 процент во однос на минатата година.

Advertisement

Побарувачката за лимон се зголеми за 54 проценти во истото тоа време, а просечната цена се зголеми за 49 проценти.

Продажбата на лук се зголеми за шест проценти, при што просечната цена останува иста како лани.

– Мислам дека станува збор за привремен пораст на цените, како резултат на шпекулациите дека овие намирници помагаат во борбата против вирусот корона – коментира директорот на националниот сојуз на производители на овошје и зеленчук Михаил Глушков.

Според него, лукот увезен од Кина му се зголемила цената поради движењето на валутите и во големопродажба неговата цена е околу 500 рубли за килограм, но ѓумбирот и лимонот поскапеа значително повеќе – на почетокот на март, лимонот чинеше 75 рубли за килограм, а сега 400 рубли додека ѓумбир со 250 зголемени во цената на 1500 до 2500 рубли.

Намирници со кои лесно ќе се изборите против грип и настинка

Покрај честото миење на рацете и внесувањето витамини во организмот се одлична превенција во борбата против ваквите заболувања. Токму затоа најдобри сојузници на здравјето во овие моменти се зеленчукот и овошјето кои требаат што повеќе да се внесуваат.

Во овие производи се наоѓаат многу витамини кои го засилуваат имунитетот и создаваат заштитна бариера помеѓу организмот и вирусот. тука пред се мислиме на лукот, јаткастите плодови, цитрусите, рибата, пробиотиците. Зеленчуците треба да се користат со минимална термичка обработка, а треба да се избегнуваат јајца, колачи и млечни производи кои на некој начин ги хранат вирусите.

Повеќе за ова прочитај тука >>

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button