Реклама
Наши ѕвезди

Еве како реагираше поранешната сопруга на Дарко Лазиќ кога дозна дека му се родил син

Реклама

Откако во раните утрински часови Дарко Лазиќ и Марина Гагиќ го добија својот син, пејачот веднаш се пофали со радосните вести на социјалните мрежи.

Но фановите на пејачот беа заинтересирани како на тоа ќе реагира и неговата поранешна сопруга, пејачката Ана Севиќ. И како што таа самата изјави, Дарко веднаш по раѓањето на детето и се јавил и со неа ги споделил радосните вести.

Маркетинг

„Ми се јави веднаш и секако дека му честитав и му посакав се најубаво! Да ми е жив и здрав“, изјави Ана.

Маркетинг

Само да потсетиме, иако со денови се шпекулираше, за нивниот ни малку пријатен развод, тие двајцата сепак останаа добри пријатели, а нивната ќерка Лорена секако е она што ги спојува. Во едно интервју Дарко изјави дека Марина е многу поразлична од Ана и дека кога тој еднаш ќе стави точка, повеќе нема враќање назад, мислејќи на евентуалното смирување со неговата поранешна сопруга.

А како што налага праксата, среќниот татко го прослави раѓањето на синот во добро расположение, а пријателите и роднините му ја скинаа маицата и кошулата (погледнете на линкот), според српските обичаи.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button