Еве како прилепчанка ужива за сите пари во еден од најлуксузните хотели во цела Турција (фото)
На ова место и во септември е како во рајот
Пејачката Елена Јовческа покажа како ужива во својот одмор во Турција, а со фотките што ги објави ги остави сите без здив.
Таа замина да си ги наполни батериите, а за одмор избра хотел со пет ѕвезди во регионот Белек, на 40 км од центарот на Анталија.
Станува збор за еден од најлуксузните и најубавите хотели во овој регион во кој Елена ужива за сите пари.
Принтскрин/ Јутјуб
Пејачката објави неколку фотографии од ова нејзино патување, а посебно ги изненади сите со фотографиите на кои позираше во костим за капење, истакнувајќи го своето тело во преден план.
Инстаграм/ Елена Јовческа
Таа се пофали со своето затегнато тело, а сите се согласни дека Јовческа никогаш не изгледала поубаво и позанесно од сега.
Инстаграм/ Елена Јовческа
Потсетуваме, Елена покрај тоа што е пејачка, таа е позната и по тоа што често знае да засвири на гајда на забавите.
Инстаграм/ Елена Јовческа
Покрај гајда, таа знае да свири и на зурли, хармоника и пијано, а во својот роден град има и сопствен бизнис.
Инстаграм/ Елена Јовческа
Имено, Елена е сопственичка на салон за убавина ЕН Бјути за кој во една пригода за Гламур магазин изјави дека и е како втор дом.
Инстаграм/ Елена Јовческа
И како што самата вели, пејачката салонот го користи и за себе, па така секогаш е средена од глава до пети.
„Сега сум секогаш средена, спремна, а дали има поубаво нешто од тоа да има кој да ве направи во било кое време?! Мојот одговор е НЕМА (се смее) Среќна сум многу се ЕН БЈУТИ, среќна сум со нашите клиенти и целиот тим кој се грижи за сите нас. Така е создаден ЕН БЈУТИ, каде што е вложено многу љубов, ама истовремено изгубено и многу нерви (повторно смеење)“, изјави Елена за Гламур магазин.
Целото интервју со Елена прочитајте го тука…