Реклама
Новости

Еве како познатата фолкерка ја прослави куќната слава – сармичките се крчкаат, таа пее и ужива со гостите

Неда Украден ги засука ракавите и покажа како прави сарми

Реклама

Никогаш не била повесела

Неда Украден на социјалните мрежи покажа како изгледаше атмосферата во нејзиниот дом за нејзината слава.

Таа објави неколку фотографии и снимки на кои се гледа дека сите во домот се среќни и весели посебно кога Неда запеа.

Маркетинг

Веселата домаќинка славската погача ја скрши со својата наследничка Јелена Билбија Миновиќ, зетот Предраг и внуците Душан со близначките Алексабдра и Неда.

Маркетинг
Фото: Инстаграм/ Неда Украден

Тие направија заеднички фотографии покрај богатата трпеза, па истите ги сподели на социјалните мрежи и покажа како со најблиските го слави Свети Архангел Михаил.

Фото: Инстаграм/ Неда Украден

Фото: Инстаграм/ Неда Украден

Покрај фотографиите познатата фолк-пејачка објави и видео, а како изгледаше атмосферата во нејзиниот дом на овој посебен ден, погледнете во продолжение.

Фото: Инстаграм/ Неда Украден

Неда покажа и како се крчкаат сармите во кујната, а таа за тоа време пее и со овој потег ги воодушеви своите бројни фанови.

Фото: Инстаграм/ Неда Украден

„Кога домот ќе замириса на традиција“, напиша Неда под фотографиите што ги објави на својот профил на Инстаграм.

Фото: Инстаграм/ Неда Украден

Фото: Инстаграм/ Неда Украден

„Баба риба“

Фото: Инстаграм/ Неда Украден

Инаку, Неда е во осмата деценија од животот, но многумина се уште можат да и завидуваат на изгледот.

Нејзините фанови често и порачуваат дека изгледа сјајно и ја нарекуваат „најсекси баба“ на Балканот, што е симпатично.

Фото: Инстаграм/ Неда Украден

„На жената никогаш не и се доста комплименти. Знаете што, јас сум во најдобрите години. Стар си онолку колку што се чувствуваш, колку што имаш енергија, виталност, љубов, здравје, живот“, изјави пејачката за „Ин магазин“, а потоа го додаде и следново.

Фото: Инстаграм/ Неда Украден

„Па јас отсекогаш сум најс*кси, со тоа се раѓаш. Не можеш ти сега да купиш фустан и да бидеш многу с*кси“, вели таа.

Фото: Инстаграм/ Неда Украден

Како што самата вели, за неа не постои пензија, таа би ја и укинала.

„Ма каква пензија, јас тоа би го укинала. Јас би забранила пензија. Јас не знам зошто луѓето воопшто одат во пензија?! Зошто бре да си дома и да ги гледаш овие црни војни, овој јад и сето тоа“, порача пејачката.

Фото: Инстаграм/ Неда Украден

„Јас сум среќна. Прво сум среќна што имам внуци. Мислам дека тоа е едно Божјо давање кое што е неизмерливо со било каков друг успех или пари или не знам што. Само се трудам да им покажам и докажам дека тие се мојата најголема радост и богатство, но исто така дека бабата е таа што ќе ги поддржи и награди колку и да можам и ќе им помогнам, но мораат да бидат воспитани, вредни и благодарни“, изјави познатата пејачка и додаде дека секогаш ќе биде „баба риба“.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button