Пејачката Анета Љумаковска им одржа лекција на своите колешки – не сме ја виделе во вакво издание
Пејачката зрачи со елеганција и гламур во ова издание
Познатата пејачка уште еднаш покажа дека има стил
Нашата позната фолк-пејачка Анета Љумаковска се појави во црн фустан кој и оваа година важи за еден од најпопуларните.
Безвременскиот мал црн фустан е секогаш во мода, а важи и за еден од омилените модели на многу дами веќе со децении.
Од сезона во сезона се менуваат само кроевите, а во последните неколку години главен хит се оние со прорези.
Инстаграм/ Анета Љумаковска
Токму таков модел избра и нашата позната пејачка која во последно време ги воодушевува сите и со своите стајлинзи.
Пејачката значително го промени имиџот, ја скрати косата и бојадиса, а го промени и својот моден стил.
Па така сега често можеме да ја видиме со потполно нова фризура, а таков беше случајот и сега, со ова „all-black“ издание.
Инстаграм/ Анета Љумаковска
Имено, Анета за оваа пригода избра тесен црн фустан со суптилен „прорез“ во пределот на половината и ¾ ракави, па на своите колешки им одржа голема лекција како трема да изгледа една дама.
Пејачката со ова свое издание ги истакна нозете во преден план на кои носеше класични црни салонки, а комбинацијата ја зачини со неколку нараквици на рацете, црвен кармин и нова шик фризура со шишки.
Анета во последно време е и подослабната што може да се забележи и од ова нејзино издание, а најчесто можеме да ја видиме во модерни комбинации зачинети со елеганција и софистицираност.
Инстаграм/ Анета Љумаковска
Она што исто така може да се забележи е и дека пејачката ги следи трендовите, но и дека не е слепо ограничена со нив, па како што и самата во една пригода истакна за Гламур магазин, таа сака да експериментира со модата и модните трендови, но најчесто го избира она што и стои убаво и во кое пред сé се чувствува пристојно.
А како изгледа кога Анета тоа го прави, погледнете во продолжение…