Реклама
Наши ѕвезди

Еве како оздраве познатата македонска фолкерка што беше болна од коронавирус – нема да ви се верува што и помгнало најмногу!

Реклама

Пејачката Пепи Димоска пред месец и половина го прележа вирусот корона.

Таа тогаш преку социјалните мрежи објави дека е болна, а како што самата истакна, вирусот го добила додека била во Македонија. Таа по болеста за весникот Вечер откри како ги поминала деновите додека била болна, но и што и помогнало во лекувањето.

Маркетинг

„Одвреме-навреме ќе испуштам солзи, прашувајќи се зошто мене ова да ми се случи? Но јас сум силна, позитивно размислувам, ќе го победам вирусот, кој не е стопроцентно смртоносен. Убедена сум дека ќе отворам шампањско и ќе славиме штом ќе оздравам. Така и ќе напишете во ВЕЧЕР – Пепи ја победи короната! И сакам задолжително да нагласам – јадете сланина, таа ги штити белите дробови!“, изјави таа откако ја победи тешката болест.

Пепи болеста ја помина во Германија, каде што живее, во домашна самоизолација.

Маркетинг

Таа и нејзиниот партнер не смееле да излегуваат од дома, а откако пријавила дека има некои симптоми кои и биле сомнителни и чудни, надлежните лица побарале да дознаат сите лица со кои била во контакт. Тие седеле дома во строг домашен карантин, кога и апелираше до сите совесни граѓани што имаат симптоми сами да се пријават.

Ги молам сите кои се со симптоми на сува кашлица, печење на грлото, осет дека плунката им е како да имаат камен, дишат тешко, имаат малаксаност, чувствуваат бодежи во градниот кош и болки во зглобовите, да се тестираат и заедно да го запреме ширењето на вирусот, изјави Пепи додека се уште беше болна за порталот Свет-Австралија.

Таа на 16 март се вратила од Македонија во Келн. Кога стигнала дома во Германија, била здрава. По неколку дена почнало да ја пече грлото, но таа не обраќала многу внимание на тоа. Пет дена откако се вратиле, излегла да се прошета, па набргу сфатила дека не може убаво да дише, а веќе до вечерта имала болки во нозете и зглобовите. Тоа и се повторуваше следните три вечери, а потоа добила и болки во стомакот. Дишењето и станувало се потешко, па се посомневала дека фатила корона и се ставила во карантин.

Кога му се јавила на докторот, низ плач му ги објаснила симптомите, па веднаш била повикана на преглед. Добила таблети против болки и кашлица, а воедно и наложиле и да направи тест, така што за неколку дена го добила резултатот дека е позитивна на коронавирусот.

Инаку, таа не криеше дека е болна, и на социјалните мрежи самата објави веста дека е позитивна на вирусот.

Таа веднаш доби поддршка од своите пријатели и колеги, на кои денес им е многу благодарна.

Таа повеќе од 40 години живее и работи во Германија, но и покрај тоа често е присутна и на македонската естрада.

Погледнете како таа изгледа сега, неколку недели откако ја преброди тешката болест.

Фото: Фејсбук/ Пепи Димоска

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button