Реклама
Наши ѕвезди

Еве како овие две Македонки го воодушевија Балканот – и фолкерот Јордан Митев остана без зборови

Големо браво за овие две дами од Македонија

Реклама

Јованка Јакимовска Митревска (46) од Скопје имаше одличен настап во емисијата за ветерани „Никогаш не е доцна“.

Таа по емисијата пред камерите на „Гранд“ откри дека се уште е под импресии, но и дека е презадоволна од настапот.

И жирито и публиката беа воодушевени од нејзината енергија на сцената, а таа по настапот ја откри и својата тајна.

Маркетинг

Принтскрин/ Јутјуб, Никогаш не е доцна

Како што самата изјави, таа медитира, но и се моли и запишува, а потоа откако ќе го прочитаното напишаното, избира што е океј, а што не.

Маркетинг

Принтскрин/ Јутјуб, Никогаш не е доцна

„Кога човек се сака самиот себеси, тога може да ги сака и останатите, да ја почувствува таа љубов и да ја сподели“, истакна таа.

„Кога човек е смирен и кога во себе има љубов, тогаш тој и многу добро реагира. Мојата реакција на луѓето е смирена, затоа што внатрешно сум избалансирана. Тоа не е воопшто лесно, како што сега звучи и тоа се години работа и медитација, но се исплаќа на крај“, вели Јованка за „Гранд“.

Принтскрин/ Јутјуб, Никогаш не е доцна

Потсетуваме, Јованка заедно со уште една Македонка, Билјана Зероска (52), ја отвори последната емисија од популарното шоу.

Принтскрин/ Јутјуб, Никогаш не е доцна

Тие и двете дадоа се од себе и беа фантастични, но на крај победата ја однесе Јованка, додека Билјана.

Принтскрин/ Јутјуб, Никогаш не е доцна

Инаку, во оваа емисија во улога на жири беше македонскиот фолк-пејач Јордан кој беше воодушевен и од двете кандидатки.

„Го имаш едно од најубавите македонски имиња. Одлична енергија, харизма, вечерва пееше како вистинска Французинка, одлично“, и порача Јордан на Јованка, а сличен коментар имаше и за прилепчанката.

Принтскрин/ Јутјуб, Никогаш не е доцна

Јованка е од Скопје и има завршено Економски факултет, но музиката отсекогаш била и останала за неа најголема љубов.

Принтскрин/ Јутјуб, Никогаш не е доцна

Нејзината колешка Билјана е од Прилеп и таа веќе некое време живее и работи во близина на Лондон каде води ланец аптеки.

Принтскрин/ Јутјуб, Никогаш не е доцна

Билјана за разлика од Јованка не помина директно во следниот круг, туку за неа се гласаше преку Фејсбук каде на крај со помош на гласовите на публиката успеа да се пласира за во следниот круг.

Како тие звучеа во емисијата, погледнете во продолжение…

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button