Еве како најубавата македонска спортистка ужива во бременоста – од вежбање не се откажува (фото)
Едина Муса ги изненади сите со своите најнови објави
Познатата спортистка покажа како ужива во бременоста
Нашата поранешна кошаркарка Едина Муса која во последните години е позната и како фитнес инструкторка и нутриционистка, ги изненади сите кога пред две недели откри дека е во блажена состојба.
Таа потоа откри и дек носи машки дете и дека најверојатно со партнерот ќе му го дадат името Максим, што исто така сите ги изненади.
Таа е во петтиот месец од бременоста, а сега објави снимка на која се гледа како изгледа нејзиното трудничко стомаче.
Инстаграм/ Едина Муса
И она што се забележува уште на прв поглед е дека Едина едноставно си блеска и во бременоста и дека се уште е во топ форма. Но тоа и не треба никого да изненади, затоа што Едина не само што тренира, туку на социјалните мрежи редовно споделува совети како тоа да го прават и другите жени што се во блажена состојба.
Па така на една од своите последни снимки на кои се гледа како вежба со своето трудничко стомаче, таа потенцираше дека бременоста не е болест, посебно ако поминува без компликации.
Инстаграм/ Едина Муса
„Лежењето во кревет, јадењето за двајца и честото консумирање нездрава храна со изговор дека детето ви го бара тоа, се навистина погрешни навики. Ако бременоста поминува без компликации, не ја третирајте како болест – бремената жена не е болна жена. Всушност, носењето на два живота во едно тело е СУПЕРМОЌ!“, вели Едина додавајќи дека бебињата роден од мајки што вежбале за време на бременоста имаат многу придобивки.
Инстаграм/ Едина Муса
Нејзиниот текст за овие придобивки како за бебињата, така и за жените што редовно вежбаат во бременоста, прочитајте ги во продолжение…
Инстаграм/ Едина Муса
Погледнете и дел од тренингот на оваа идна мама:
Инстаграм/ Едина Муса
Инстаграм/ Едина Муса
Инстаграм/ Едина Муса
Инстаграм/ Едина Муса