Еве како најубавата македонска спортистка вежба со трудничкиот стомак – со ова ги воодушеви сите
Едина не престанува со своите тренинзи иако е во трудна и за неколку месеци ќе го роди своето прво дете
Еве како блеска идната мама
Откако пред само неколку дена ја извести јавноста дека е во блажена состојба, нашата поранешна кошаркарка, тренер и фитнес инструкторка Едина Муса сподели неколку фотографии и снимки кои сведочат за нејзината бременост и тоа од сала за вежбање.
Таа иако за неколку месеци ќесе оствари во улога на мајка, не се откажува од она што го прави цел живот, а тоа е вежбањето.
Инстаграм/ Едина Муса
И она што може да го заклучиме од овие нејзини објави е тоа дека таа не се откажува од своите тренинзи, најверојатно сé додека нејзиниот гинеколог и го дозволува тоа, а од она што може да го видиме од снимките повеќе од очигледно е и дека оваа прекрасна дама, но и нејзиното бебенце, уживаат во вежбањето.
Впрочем таа покажа и неколку вежби што можат да ги прават трудници, а овие нејзини снимки ги воодушевија сите.
Инстаграм/ Едина Муса
Она што исто така беше интересно беше и аутфитот на Едина за тренинг – носеше тесна розова маичка и црни бициклистички, така што трудничкото стомаче беше во центарот на вниманието.
Инстаграм/ Едина Муса
Повеќе од очигледно е дека спортистката ужива во блажената состојба, за што сведочи и насмевката што не ја трга од лицето.
Инстаграм/ Едина Муса
Потсетуваме, Едина пред само неколку дена објави една фотографија на која носи тесен црн фустан и под која откри дека е бремена.
Инстаграм/ Едина Муса
Како Едина изгледаше и во ова издание, погледнете во продолжение…