Еве како нашата убава водителка ја носи најпопуларната летна боја – ПОГЛЕДНЕТЕ го ова издание, заслужува чиста 10-ка!
Жена која никогаш не греши кога е модата во прашање…
Познатата водителка се појави во шик портокалова кошула и бели панталони, а целото издание го зачини со тренди чанта.
Елена Стефановска досега милион пат покажала дека знае да избере сјајни модни комбинации кои заслужуваат чиста десетка, а така беше и овој пат кога покажа како ја носи најпопуларната боја за оваа сезона.
Имено, Елена за оваа пригода носеше широки бели панталони, но и кошула во портокалова боја и чанта во слична нијанса.
Токму портокаловата боја е голем хит за оваа сезона и ги има преплавено летните колекции на познатите светски брендови.
Фото: Инстаграм/ Елена Стефановска
Елена целиот стајлинг го заокружи со елегантни сандали и црни очила за сонце, како и со ремен во кафеава нијанса.
Инаку, Елена оваа летна нијанса ја носеше и неодамна, и тоа од глава до пети, а како изгледаше, погледнете во продолжение.
Модерните портокалови нијанси досега ги имаат носено и многу други наши познати дами, како Агнеса Органџиева, блогерката Марис Џолин и пејачката Марија Станојковиќ, но и најголемите светски ѕвезди како Ријана, Ким Кардашијан, Блејк Лајвли и многу други.
Во прашање е тренд кој можете да го носите како во опуштени дневни изданија така и во посвечени, вечерни варијанти.
Истиот ќе биде голем хит и во наредните месеци, а на кои се начини можете да ги носите овие популарни нијанси, погледнете во галеријата што следува…
Фото: Инстаграм/ Тамара
Фото: Инстаграм/ Биљана Типсаревиќ
Фото: Инстаграм/ Сара Јо
Фото: Инстаграм/ Сара Јо
Фото: Инстаграм/ Сара Јо
Фото: Инстаграм/ Ана Кокиќ
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
НАШИ ПРЕДЛОЗИ
ELOQUII
HELMUT LANG
H&M
BY FAR
BIRKENSTOCK
Frankie Shop
& Other Stories
Vince
Zara
Proenza Schouler
Prada