Еве како нашата позната пејачка ужива во својата втора бременост – ПРЕКРАСНАТА трудница ја однесе ќерката на зимување!
Популарната пејачка е активна трудница која ужива во бременоста.
Убавата поп пејачка неодамна соопшти прекрасна вест, односно откри дека е бремена по вторпат.
Сара објави фотографија од ехо снимка на која се гледа бебе, па откри дека е во 12-та недела од бременоста.
Пејачката Сара Мејс и нејзиниот сопруг, водителот Димитар Атанасовски важат за еден од најскладните парови на македонската музичка естрада.
Тие се во брак неколку години, а круна на нивната љубов е нивната ќерка Илина, а сега нивното семејство е добие нов член.
Сепак иако е бремена Сара не е од оние кои мируваат, па така заедно со сопругот и Илина заминаа на зимување на Златибор.
Ако мислевте дека одмара грешите, таа ја облече зимската опрема и излезе на скијање и уживаше на снегот заедно со својата преслатка ќеркичка.
Илина сега е прекрасно мало девојче, кое ужива во патувањата со своите родители и со нејзините постапки често знае да ги насмее сите.
Пејачката вели дека ужива во мајчинството и дека таа и Димитар не пропуштаат момент да уживаат во нејзиното растење. Во нејзиното одгледување вели најмногу им помагаат бабите и најблиските. Со мајчинството пејачката вели дека открила нова димензија на љубовта.
Нема сомнеж дека целото семејство со нетрпение го очекува новиот член на семејството.